3. Прогласување на независноста на Република Македонија, воени дејства, светска економска криза Рушењето на Берлинскиот ѕид во 1989 год. 3 (издигнат во 1961 год.) ја одбележа европската историја и симболично го означи почетокот на рушењето на комунизмот и падот на реалниот социјализам, како светски процес кој започна по 80-тите години на минатиот век и кој зафати голем број на комунистички режими. Започна да се создава нов меѓународен систем и реализирање на идејата за една Европа. Европа со нов имиџ, дефинирана преку нејзината култура и вредности, комплексно и повеќедимензионално единство, во ера на високи технолошки и научни достигнувања и интернетот, со европската симболика:„Бетоновата Ода на радоста, жолти ѕвезди врз сина основа, но исто така, и целокупната легенда за убавата Еуропе од Тир, хуманизмот на Античка Грција, Римското право и правната држава, ренесансата и просветителството, Гутенберг, Да Винчи, Ајнштајн, Пикасо, Равел, Битлси, мултикултурната поделба на власта, верската, етничката, половата, политичката толеранција“. 4 Во периодот на таквата еуфорија за европско заедништво, се случија меѓуетничките судири и национализам меѓу поранешните југословенски народи и народности кои го сочинуваа Титовото„Братство и единство“. Тоа е време кога секој од народите и народностите на СФРЈ водеа пропаганди за сопствена митологија и сопствени иконографии. Со прекинот на работата на 14. Конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија 5 во 1990 год., започнаа нови општествено-политички плурални односи во поранешните Ју-републики и распаѓањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија(СФРЈ). Процесот беше проследен со воени конфликти врз етничка основа меѓу народите на поранешна Југославија, што предизвика одделување на тогашните 6 републики од Федерацијата: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија и осамостојување како посебни држави. Воените дејства и политичките настани во СФРЈ, периодичното затворање на јужната и северната граница на Република Македонија, беше 3 „Сите денес имаат свои теории зошто падна еден нечовечки систем, но јас тврдам дека тоа беше заради постојаните штрајкови кои ги организиравме и кои предизвикаа колапс на системот“, Ана Улатар, висок функционер на Меѓународната синдикална конфедерација на синдикати – ICFTU, „После падот на ѕидот“,„Трудбеник“, бр. 4, 1998. 4 Д-р Нано Ружин:„Европската идеја и балканските иконографии“, Скопје, 2016 5 На 22 јануари 1990 год., претставниците на Сојузот на комунистите на: Словенија, Хрватска и Македонија го напуштиле 14. Конгрес на СКЈ. ДЕЛ I: ОПШТЕСТВЕНИ И ЕКОНОМСКИ ПРОЦЕСИ ВО СВЕТОТ И ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА(1991-2021) И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТРУДОТ 21
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten