Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

имотно-правни прашања, земјоделството, градежништвото, социјалната политика, мерки во областа на регулаторната гилотина. Синдикатите ги поддржаа пакет-антикризните мерки на Владата на РМ како решенија за излез од рецесијата на државата, но укажаа на по­требата за вградување на социјалната компонента. При разгледувањето на Четвртиот пакет-антикризни мерки на Владата на РМ, синдикатите во 2010 год. понудија свој Концепт на предлози кои се однесуваа на: економскиот развој, невработеноста, социјалниот дијалог и колективното договарање. Синдикатите посебно инсистираа на: преземање дополнителни мерки за подобрување на инвестиционата клима во државата и отворање нови ра­ботни места; поддршка преку субвенционирање за зачувување на работ­ните места; со закон да се утврди минималната плата во државата; редовна исплата на платите на вработените и нивно зголемување согласно трендот на инфлацијата и продуктивноста; почитување во целост на меѓународ­ните стандарди за работничките права; изработка на социјален план за работниците кои останале и кои ќе останат без работа заради светската финансиска криза. 4. Пакт за стабилност за Југоисточна Европа Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, 23 во чие носење Репу­блика Македонија учествуваше, претставуваше политичка иницијатива за зајакнување на напорите на земјите од Југоисточна Европа насочени кон поставените цели и приоритети во неколку области: мирот и демократија­та, почитувањето на човековите права, социјалниот напредок, економски­от просперитет и одржување на безбедноста како предуслов за имплемен­тација на реформските процеси и одржување на стабилноста во регионот. Пактот за стабилност за Југоисточна Европа е потпишан на 10 јуни 1999 год., во Келн, од страна на претставници на: Албанија, Босна и Хер­цеговина, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Романија, Србија и Македонија. 23 Пакт за стабилност на Југоисточна Европа, точка 1:Ние, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, Европската комисија, министрите за надворешни работи на: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Романија, Руската Федерација, Словенија, ПЈР Маке­донија, Турција, САД, Раководителот на Канцеларијата на ОБСЕ, претставникот на Советот на Евро­па, кои се претставници на учесниците на денешната Конференција за Југоисточна Европа, и ми­нистрите за надворешни работи на Канада и Јапонија, претставници на: UN, UNHCR, NATO, OECD, WEU, MMF, Светската банка, Европската инвестициска банка и Европската банка за инвестиции и развој, во рамките на нивните надлежности, претставувајќи ги земјите помагачи, организациите и институциите на денешната конференција, исто како и претставниците од: Roayaumont процесот, BSEC, CEI, SECI и SEECP, се сретнавме во Келн на 10 јуни 1999 год. во одговор на барањето на ЕУ да се усвои Пакт за стабилност за Југоисточна Европа. 30 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)