Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

праведна социјална политика; работно-правната положба на вработените; социјалниот дијалог и колективното договарање; да се сочува мирот во државата и пошироко во Регионот, итн. Синдикатите му дадоа безрезервна поддршка на Пактот за стабилност и се ангажираа за негово доследно спроведување преку активностите во соработка со ЕКС и синдикатите од Регионот, како и МОТ, во соработка со социјалните партнери во државата и другите држави во регионот. Учеству­ваа во подготовката на Декларацијата што беше усвоена на Конференција­та во Софија во 1999 год., на тема:Вработување, труд, социјална политика и социјален дијалог која се темели врз стандардите на МОТ и Европската социјална повелба. Софиската декларација претставуваше респектабилен документ како основа за дејствување на синдикатите од Регионот и во неа најексплицитно се бараше од земјите од Регионот соодветно да го трети­раат трудот согласно меѓународните стандарди, економски забрзан раз­вој, демократија и социјална правда, која ќе се заснова врз трипартизмот и социјалниот дијалог. Пактот за стабилност за Југоисточна Европа истече во февруари 2008 год. Неговите должности ги презеде Советот за регионална соработка (СРС) кој е финансиран од Европската Комисија. Советот соработуваше со европските институции и беше целосно автономен во донесувањето одлуки. Земјите од Југоисточна Европа покажаа поголема подготвеност за меѓусебна соработка за постигнувањето на заедничката цел цврста и одржлива регионална соработка во полза на европската интеграција. 5. Европска интеграција на Република Северна Македонија Уште со прогласувањето на Република Македонија за независна држа­ва во 1991 година, определбата на граѓаните беше за нејзино приклучу­вање во Европската Унија. Република Македонија: географски, историски, културно и цивилизациски ѝ припаѓа на Европа и воспоставуваше систем на демократски вредности врз кои се заснова ЕУ. Ги споделуваше идеите наединство во различноста, на социјална вклученост и на сè посилна меѓусебна поврзаност во рамките на ЕУ. По независноста, се воспоставија целосни дипломатски односи меѓу Република Македонија и ЕУ и е отворена Канцеларија на ЕУ во Македонија. Република Македонија ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоција­ција со европските заедници и нивните земји-членки(во Луксембург, на 9 32 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)