Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Еден од клучните фактори за евроинтеграциите на нашата држава и натаму останува партнерството со ЕУ во решавањето на основните раз­војни проблеми во процесот на пристапување. Во овој процес, исто така, потребно е и натаму да се развива кооперативноста на државните инсти­туции и синдикатите и да се вклучуваат во сите проекти што ќе ги спрове­дува Собранието и Владата на РСМ, како и сите други релевантни институ­ции во државата во создавањето и реализацијата на политики за забрзано и квалитетно водење на евроинтеграциските процеси. Во октомври 2019 година, ITUC PERC и ETUC изјавија солидарност со работниците и синдикатите по повод одлуката на Европскиот Совет за одложување на преговорите за пристапување на Република Северна Ма­кедонија и Албанија во ЕУ. Тие сметаат дека работниците во РСМ и Алба­нија се соочуваат со огромни предизвици: пристојни работни места, ниски плати, работа на црно, непочитување на трудовите закони, кршење на ос­новните права и слободи на работниците. Ги повикаа надлежните во двете држави да ги почитуваат правата на работниците во согласност со меѓуна­родните обврски, да обезбедат владеење на правото и да го промовираат Европскиот социјален модел. Упатија апел до Европската Комисија да ја ремоделира политиката на проширување на ЕУ, со поголемо внимание на социјалните права и заштита и со обезбедување на целосна вклученост на синдикатите преку социјалниот дијалог, како на европско, така и на наци­онално ниво. 26 6. Политички случувања во Република Северна Македонија во поново време По Парламентарните избори од април 2014 год., во Република Маке­донија се чувствуваше политичка криза која се продлабочи во наредните години. Најголемата опозициска партија не ги признаваше резултатите од Парламентарни избори и започна да одржува протести и демонстрации. Во 2015 год. започнаа да се објавуваат прислушувани разговори за злоупо­треби на власта, за криминал и корупција, познати какобомби. Опозиција­та организираше протести пред Владата на РМ и бараше нејзина оставка, а приврзаниците на власта, возвратија со контрапротести пред Собранието на РМ. Во решавањето на политичката криза се вклучија претставници на меѓународната заедница, и по долготрајните преговори, на 2 јуни 2015 год. 26 Повеќе на: https://www.etuc.org/en/document/statement-albania-and-north-macedonia-accession-eu https://perc.ituc-csi.org/IMG/pdf/statement.pdf 36 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)