y Синдикатот има право на колективно преговарање за регулирање на условите за вработување, работа, како и на другите права од работниот однос; y Работниците и синдикатите имаат право на штрајк и на преземање на сите форми на синдикални акции. 1.1. Поимно определување на синдикатот Дефиницијата за тоа што е синдикат се менувала низ историјата, но не постојат дилеми дека синдикатот е организација на работниците којашто се бори за унапредување и заштита на правата и интересите на работниците од работниот однос. Со засновањето на работниот однос работниците имаат право на непречено синдикално организирање, слободно пристапување и дејствување во синдикат. Организирањето на работниците во синдикати во светот датира од првата половина на XIX век, со самите почетоци на капитализмот, како борба меѓу наемниот труд и капиталот со првобитната определба – остварување на економските права на работниците(наемнина и услови за работа). Во повеќе европски земји, работниците, заради тоа што биле: понижувани, малтретирани и осудувани, основале еснафски сојузи и фондови за социјална помош и помош на болните и невработените и барале подобри услови за работа и подобра заработувачка. 31 Промените во: производните односи, новата технолошка револуција, развојот на нови стопански гранки, го диктирале приспособувањето на синдикатите, нивното организирање во грански синдикати и проширување на полето на дејствување во сите области на општествениот живот. Во историјата на синдикалното дејствување се јавуваат најразлични облици на синдикална борба, акции, неретко и крвави судири, сè со цел да се одржи синдикализмот. До денес, секаде во светот синдикатите постојат за застапување на правата и интересите на трудот, за нивните плати, условите за работа, без дискриминација и за еднаквост. 1.2. Синдикални предизвици во светот Кон крајот на 80-тите години на минатиот век, работништвото се соочило со последиците од глобализацијата на светската економија. Работодавачите, во напорите да стекнат конкурентска предност, излезот го барале, пред сè, во: намалување на бројот на вработените; исплата на ниски и нередовни плати, придонеси од плата; суспендирање или намалување на стекнатите права од работен однос; ограничување на правото на работниците на синдикално организирање, итн. 31 Hubet Cambier:„Абецеда на синдикализмот“ – ICFTU, 1993 год. ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 41
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten