и обезбедат сигурни работни места во интерес на економскиот развој на државата; синдикалното членство и работниците да се едуцираат за: правата од работен однос, мобинг, дискриминација, семејно насилство, трудова експлоатација. Секциите одржуваат: синдикални школи, академии, семинари, трибини, конференции и други активности посветени на: положбата на жените и младите на пазарот на трудот, платите, методи за зачленување во синдикат и придобивките од членувањето во синдикат, итн. Ова особено од аспект на денешната милениумска генерација која има свои специфични размислување за општествените вредности. Тоа се должи на времето во кое живеат, време на многу иновациско-технолошки напредоци, ера на: компјутерите, мобилните телефони и интернетот и почеток на нов, модерен начин на живеење, по што се карактеризира 21 век. 4. Финансирање на синдикатите Синдикалната членарина е основниот извор на финансирање на дејноста на синдикатите и се користи строго наменски. Со посебни акти и одлуки од надлежен орган на синдикатот се уредува стекнувањето и користењето на средствата од синдикалната членарина и другите приходи. За начинот на финансирање и распределбата на членарината, секој синдикат носи одлука на највисокиот орган и износот на членарината е различен. Синдикалната членарина му овозможува на синдикатот финансиска самостојност и солидарност. Синдикалните активности може да се финансираат и од други приходи(донации, спонзорства, приходи од сопствена дејност, приходи од камати, приходи од имот, и сл.). Средствата од синдикалната членарина и други приходи се користат за: организирање на синдикални активности и акции; правна помош на членовите; посебни фондови(за солидарна помош, организирање на штрајк, заштита на синдикалниот претставник); 45 образование и оспособување на синдикалниот кадар и синдикалното членство; подготовка и одржување на: седници, конференции, состаноци, работни средби; меѓународна синдикална соработка; културни и спортски активности; информирање и 45 Синдикатот на УПОЗ, од Солидарниот фонд, на своите членови кои беа раселени од своите домови за време на воените дејства во РМ во 2001 година им додели еднократна помош. Солидарна помош им исплати на членовите кои штрајкуваа во 2000/2001 година(80 дена) и во 2016(60 дена). Во 2020 год. на свои членови им додели неповратни средства во износ од 4.164.800 ден, а како парична позајмица, 892.000 ден. На 730 членови на Синдикатот на УПОЗ заболени од вирусот Ковид-19, им беше доделена еднократна неповратна финансиска помош, која за периодот март 2020 – јуни 2021 изнесуваше вкупно 3.000.000 денари. ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 55
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten