издавачка дејност во функција на промоција на синдикатот; парична помош врз основа на солидарност(позајмици или неповратни средства); исплата на надоместоци на синдикалните претставници за синдикални активности; функционални расходи; други трошоци за остварување на активностите на синдикатот утврдени со статутарните и програмските документи. Во изминатиот период се водеа судски постапки за докажување на сопственоста на дел од имотот на синдикатите во Република Македонија. Во 2007 год. беше покрената иницијатива за поделба на имотот на поранешниот Сојуз на синдикатите на Југославија, што се наоѓа во Белград. Иницијативата е покрената во Загреб(на 17.4.2007 год.), од претставници на: СС на Хрватска, ССС на Словенија, Конфедерацијата на синдикатите на БиХ, УГС„Независност“ од Србија, ССС на Црна Гора и СС на Македонија. 5. Фракционерство во синдикалното движење Поимот фракционерство подразбира автономно организиран и структуриран дел од организацијата, кој се издвојува заради различно прифаќање и поинаков пристап кон програмските определби и практикување на некоја идеологија. Се јавува заради неможноста да се развијат и практикуваат демократски односи во структурите на организацијата. Во развиените и демократски општества во Европа и во светот, синдикалното фракционерството е прифатена појава. 46 Се гледа како на можност за поттикнување расправа за сите отворени прашања, за поголем компромис, за надминување на слабостите и недостатоците во синдикалното дејствување. Фракционерството оди во прилог на поодговорно, потранспарентно и подемократско работење, без притоа постојано да се бараат и да се етикетираат„внатрешните непријатели“ сите оние кои не се согласуваат секогаш со водењето на внатрешната политика. Во Република Северна Македонија не е забележано типично синдикално фракционерство, иако имало демонстрирање на такви обиди, кои се инцидентни и не добиле поголеми размери. Повеќе, можеби, во самите асоцијации на синдикатите се случуваат„здружувања“ заради застапување на 46 Во синдикалното организирање во светот постојат синдикални централи во кои е присутно фракционерството. Пример: во Австрија, Сојузот на синдикатите на Австрија(ÖGB) интерно е поделен на идеолошки фракции кои генерално ја одразуваат структурата на австрискиот партиско-политички систем, при што секоја е поврзана со релевантната партија, преку членството кое истовремено зазема место и во синдикатот и во партијата. Како резултат на тие врски, претставници на Синдикатот редовно ги покривале местата во Парламентот и Владата уште од 1945 год. Посебно постојат тесни врски со Социјалдемократската партија во која синдикалната фракција има големо влијание. 56 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten