заеднички интереси и реформа во синдикалното организирање, процес кој во континуитет се одвива со децении наназад. Во таа смисла, на 22.3.2016 год. беше потпишан Меморандум за соработка и заедничко дејствување меѓу: СИЕР, Синдикатот на УПОЗ, СУТКОЗ и СОБ кој е отворен за сите синдикати кои ќе сакаат да пристапат за заедничка реализација на поставените цели: y „Враќање на синдикалното движење во Македонија кон изворните постулати на синдикализмот, неговата поширока промоција и популаризација; y Зачувување и јакнење на ССМ како водечки бренд на синдикалното движење во државата; y Окрупнување на синдикатите, сеопфатно подигање и јакнење на нивните капацитети и подигање на свеста за синдикалната солидарност; y Деполитизирање на синдикатот и отстранување на секаква можност за партиски и дневнополитички влијанија врз синдикалните политики и делување; y Подобрување и проширување на синдикалната понуда кон членовите на синдикатите“. 47 Синдикатите, потписници на Меморандумот, се обврзаа на: тесна соработка и градење заеднички ставови по прашања од заеднички интерес за своите членови; за синдикална солидарност; стручна, кадровска и друга помош по прашања од областа на економска, правна или друга експертиза, едукација на членството и слично; против намалување и укинување на постојните работнички права; за потпишување и почитување на колективните договори; за враќање на достоинството на работничката класа во Македонија и за ревитализација на синдикалното движење во целина. 6. Плуралистички синдикални предизвици Кон крајот на минатиот век, со напуштањето на социјализмот во земјите од Југоисточна Европа и воведувањето нови, пазарни односи, се променија и односите на пазарот на трудот. Синдикатот како организација на работниците се реформираше за да ги следи и надминува проблемите во новите работно-правни односи на работниците. Меѓутоа, тоа се одрази на работата и силата на синдикатите бидејќи започна процес на нивно„раситнување“. 47 „Потпишан Меморандум за соработка и заедничко делување“, www.upoz.org.mk, www.sutkoz.org.mk, ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 57
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten