меѓународна синдикална организација ITUC, во која се здружија Меѓународната конфедерација на слободните синдикати – ICFTU и Светската конфедерација на трудот – WCL. 7. Позицијата и улогата на синдикатите во изборните процеси во РСМ Синдикатите во Македонија во своите програма и статути се дефинирани како независни, самостојни, непартиски работнички организации. Ваквата определба наметнува да се дистанцираат од директното вклучување во политичките процеси и соработка со политичките партии. Синдикатите не се борат за власт, но имаат легитимно право да влијаат во одлучувањето во власта кога се работи за прашања кои се од непосреден интерес за работниците и нивната вкупна позиција. Ставовите за изборните постапки во државата синдикатите ги изнесуваат транспарентно и јасно: да се одвиваат регуларно, фер и коректно; да има максимална толеранција и цивилизираност во јавните расправи и спроведувањето на изборите; доследно да се почитува уставно-правниот систем и општоприфатените демократски принципи во изборите; да се почитува личното убедување на гласачите; без било какви притисоци, закани, манипулации; да не се злоупотребуваат финансиските средства што ги создаваат работниците за пропагандни партиски цели, итн. Во 1993 год. Советот на ССМ(на седницата одржана на 17 јуни) донесе Одлука и Упатство за собирање потписи за распишување Референдум за распуштање на Собранието на РМ и распишување на предвремени избори. Поводот за оваа Одлука е тешката материјално-социјална положба на работниците и граѓаните на Република Македонија, за чие ублажување ССМ бараше од државните органи да донесат социјални проекции со конкретни мерки, како претпоставка за социјален мир и можности за отворање перспективи за севкупен развој. Ги имаше предвид објективните околности во кои се најде Република Македонија, но со оглед на итноста, и по изминат половина мандат на пратениците во Собранието на РМ, не беа донесени законите со кои требаше да се заокружи правниот систем на државата, што е и уставна обврска, а оние што беа донесени беа без консултација на социјалните партнери и беа оспорувани пред Уставниот суд од страна на синдикатите. Зголемувањето на бројот на невработени врз основа на: стечај, технолошки вишок, приватизацијата, ликвидацијата на претпријатијата, сè поголемата стапка на сиромаштија, го продлабочуваа незадоволството на работниците и постоеше опасност да ескалира во социјални немири од поголем размер. ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 59
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten