на ЕУ, конвенциите на МОТ, ќе ја промовираат синдикалната соработка на ниво на претпријатија и мултинационални компании и ќе вршат стимулација на интеграциските процеси во синдикалното движење. Ова се должи и на фактот што синдикатите се соочуваат речиси со идентични проблеми: невработеноста; несигурни работни места; несоодветно вреднување на трудот; опаѓање на животниот стандард на работниците; сиромаштијата; миграцијата на работната сила; сивата економија, и повеќе други прашања. 53 Во меѓусебната соработка на синдикатите се негува заемната солидарност и хуманост. Во знак на тоа, повеќе синдикати упатија поддршка до синдикатите од земјите кои беа опфатени со големите поплави во 2014 год.: Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска и Хрватска. Со учество на организираниот хуманитарен концерт:„Да се обединиме во хуманост“ и преку отворената телефонска линија, учествуваа за собирање на парични средства кои беа донирани до погодените места. Од голем број синдикати, исто така, беше искажана готовност за помош на настраданите во катастрофалните поплави што се случија во околината на Скопје и Тетово во јули 2016 год. Синдикатите формираа кризен штаб и донираа помош на настраданите во поплавата во: храна, санитетски материјали, пакети вода и парични средства. 9. Синдикатите и граѓанскиот сектор Соработката со граѓанскиот сектор, било од земјата или странство, за синдикатите е трајна определба и е отворен широк простор за реализација на проекти кои се од заемен интерес и согласно програмските определби, за економски просперитет на РСМ, унапредување и остварување на правата од работа; развивање на демократските процеси. Во континуитет, долг период наназад, синдикатите ја негуваат соработката со повеќе граѓански асоцијации: Сојузот на пензионери на Македонија; 54 Здружението на правници; Заедницата на инвалидски организации на Македонија; Сојузот на организациите на жени – СОЖМ; Македонското здружение за заштита при работа(МЗЗПР); Македонскиот центар за меѓународна 53 АГРО Синдикатот е член на: EFFAT, IUF, а има добра соработка со синдикатите од овие дејности од: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Турција, Бугарија, Австрија и Романија. СХНМ негува традиционална соработка со ССХНС од Србија, со кој во 2012 год., Меморандум за соработка за правата на работниците- државјани на Република Македонија и Република Србија. Во рамки на соработката со синдикатите од Србија, Синдикатот на„Алкалоид“, АД Скопје, се збратими со Самостојниот синдикат на Tigar Tyres од градот Пирот. ССЕСМ и Синдикатот од енергетика FLAEI од Италија, во април 2012 год. во Рим, потпишаа Билатерален договор за соработка во повеќе области. 54 Сојузот на здруженијата на пензионерите на РМ во 2016 год. одржа свечена академија по повод 70 години од пензионерското организирање во Република Македонија. 68 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten