Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

повеќе институции и синдикати во Сиетл и е изготвен Акционен план за зајакнување на позицијата и улогата на синдикатот. Американскиот центар за меѓународна работничка солидарност од најголемата американска федерација на синдикати, AFL-CIO, заедно со синдикатите во Република Македонија реализираше повеќе кампањи и проекти од едукативен карактер, со цел: јакнење на капацитетите на синдикалните организации; мобилизирање на синдикалното членство; подобрување на комуникациите меѓу синдикатот и менаџерите; развој на локалното синдикално лидерство; стратешко планирање во синдикатот; работниците и неформалниот сектор; работничко акционерство, и др. Конкретна поддршка од AFLO-CIO е добиена за: реализирање на кам­пањата на ССМ за Парламентарните избори во 2002; проектотЛокално синдикално лидерство; проекти на Секцијата на жени и Секцијата на мла­ди; организиран е десетдневен студиски престој на синдикални новинари во Хрватска; беа поддржани активностите на планот на јакнење на синди­калната информативна дејност и во тие рамки беше помогнато издавање­то наСиндикален живот, како продолжение на весникотТрудбеник и оформувањето на Одделението за комуникации и медиуми на ССМ. Во 2006 год. дојде до прекин на соработката со Американскиот центар за работничка солидарност и ССМ заради одредени несогласувања со ди­ректорот на канцеларијата на Центарот сместена во Скопје. ССМ побара негова замена заради неговиот субјективизам во процесот на раздружу­вање на СОНК од ССМ. Во натамошниот период продолжи меѓусебната со­работка и се водат преговори за реализација на конкретни проекти. Декларација на МОТ за основните принципи и права од работа. Во 2003 год. ССМ во соработка со ITUC и Белгиската либерална синдикална конфедерација спроведе кампања за промоција на Декларацијата на МОТ за основните принципи и права од работа. Се одржаа семинари за промо­ција на Декларацијата во 12 РСП, со учество на 280 учесници синдикални претставници од 14 претпријатија и установи. 11. Информативна дејност на синдикатите Работниците и граѓаните на РСМ имаат право на објективно, целосно и навремено информирање.Се гарантира слободата на уверувањето, со­веста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање. Се гарантира слободниот пристап кон информации, слободата на примање и пренесување на информации. (член 16 од Уставот на Република Северна Македонија). ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 73