12. Култура, забава, спорт и рекреација на синдикалното членство Со цел работниците да го исполнуваат своето слободно време за културна надградба, забава и негување на изворната културна традиција во РСМ, како и запознавање со специфичните културни обележја на различни делови од светот, синдикатите организираат посета на синдикалното членство на: музички концерти, театарски и кино претстави, ликовни изложби, посета на музеи, споменици на културата и други уметнички вредности. Работниците се радуваат и се гордеат со успесите на македонските: кошаркари, ракометари, одбојкари, фудбалери и другите спортисти. Нивната навивачка химна„Македонија навива за вас“ е препознатлива во целиот свет. Ја сними најпопуларниот македонски поп-пејач Тоше Проевски. 67 Во деновите на празници, синдикатите организираат туристички патувања во државата и надвор од неа, како и користење на годишните одмори. Пред започнувањето на трансформацијата, работниците имаа можност да се одмораат во објектите за оваа намена кои беа изградени со средства на работниците. При приватизацијата на општествениот капитал, синдикатите инсистираа работничките одморалишта да не се продаваат и да го задржат статусот на објекти за заштита на работничкиот стандард. Во овој дел, синдикатите водеа постапка за враќање на најстарото синдикално одморалиште„Орце Николов“ во Охрид, изградено со средства од синдикалната членарина. Дел од претпријатијата и установите ја задржаа традицијата годишните одмори да се користат во некогашните работнички одморалишта по поволни услови преку синдикалните организации. Со потпишувањето на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството и неговите измени и дополнувања, синдикатите се изборија да се остварува правото на работниците да добиваат регрес за годишен одмор(популарниот К-15). Традицијата на одржување спортски натпревари и средби на синдикалното членство се негува до денес. Поголемиот број од синдикатите секоја година организираат натпревари во повеќе спортски дисциплини: мал фудбал, кошарка, одбојка, одбојка на песок, тенис, ракомет, пинг-понг, пливање, стрелаштво, пикадо, влечење јаже, куглање, атлетика, скок во 67 Тодор, Тоше Проевски е најпопуларната музичка ѕвезда во Македонија и на Балканот. Роден е на 25.1.1981, загина во сообраќајна незгода во Хрватска, на 16.10.2007. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Република Македонија. ДЕЛ II: ОРГАНИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ И УЛОГА НА СИНДИКАТИТЕ 81
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten