Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

беше отворен процесот на реформи на клучните сегменти на стопанскиот систем и изградба на современ пазарен начин на стопанисување. 2.1. Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал 76 Овој Закон се донесе во 1993 год. и со него:Се уредуваат условите, на­чините и постапката за трансформација на претпријатијата со општествен капитал во претпријатија во кои е определен сопственикот. Трансформа­ција на претпријатието со општествен капитал се врши со организирање на претпријатието во акционерско друштво или друштво со ограничена одговорност со капитал во приватна сопственост, односно со определен сопственик, под условите и постапката утврдени со овој Закон, како и со Законот за претпријатијата. Трансформацијата се врши и со продажба на општествениот капитал или на сите средства на претпријатието. Кога во трансформацијата како купувач на акции или удел, на претпријатие или дел на претпријатие, учествува и странско лице, согласно со овој Закон, се применува и Законот за странски вложувања(член 1). Трансформација според овој Закон не се врши на претпријатијата и ор­ганизациите кои вршат работи и дејности од посебен општествен интерес, односно јавна служба или имаат статус на јавно претпријатие, претприја­тија и други правни лица кои стопанисуваат со јавни добра, со становите и деловниот простор, кои организираат игри на среќа, претпријатијата кои имаат монополска положба. Кога се донесе одлука да се прави сопствен закон за приватизација, македонски закон за приватизација, основното што си го поставивме беше дека со законот треба да се постигнат, пред сè, развојни цели, кои, кога ќе се остварат, треба на сите граѓани на оваа Република да им овозможат да живеат побогато и подобро од досега... Знаевме дека приватизацијата ќе предизвика позитивни промени и дека на крајот ќе донесе и напредок. Но, сосема бевме свесни за тоа колку е тоа болен процес, колку долго трае, колку кризи ќе треба да се пребродат пред да се дојде до посакуваната состојба. Затоа, се одлучивме во програмата за приватизација да вградиме елементи кои ќе го скратат процесот на преструктуирање, елементи кои ќе ја смалат опасноста од безработноста, елементи кои, едноставно, ќе овозможат оваа радикална промена да се одвива што е можно побезбол­но и што е можно со помали потреси за стопанството. Нашиот предлог се потпира врз тоа дека не смееме да правиме таква приватизација во која 76 Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал:Службен весник на РМ, бр. 38/93, 48/93; Закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претприја­тијата со општествен капитал:Службен весник на РМ, бр.: 21/98; 25/99; 39/99; 81/99; 35/06; 84/07; 123/12 88 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)