со ограничена одговорност(ДОО), а средните и големите, во акционерски друштва(АД). Претпријатијата беа должни да подготват програма за начинот на остварување на трансформацијата, која претставуваше темелна анализа на претпријатието и неговото работење. Процесот на приватизацијата го следеа одредени слабости и проблеми: y Претпријатијата во кои работниците не го стекнаа управувачкиот пакет беа претпријатија кои во процесот на приватизација влегоа со големи долгови кои се претворија во трајни влогови и многу малку, или воопшто немаше општествен капитал за приватизација, а некои отидоа и во стечај; y Неизграденоста на правниот систем, немањето даночни олеснувања, одеа на штета на работничката сопственост и трансферот на акциите мораше да се врши исклучително преку македонската берза; y Кон еродирањето на работничката сопственост и нарушувањето на сопственичката структура придонесе и продажбата на акциите на надворешни компании и одземање на акциите од работниците кои не можеа да ги платат ратите и ги продаваа акциите по крајно ниска цена; y Нетранспарентност при продажбата на акциите на берза со големи дисконти; y Драстично опаѓање на цената на капиталот, односно акциите што ги поседуваше Агенцијата за приватизација на РМ; y Сè повеќе заинтересирани партнери бараа дисконти редовно 90%, а во одделни случаи и над 96%, со што се обезвреднуваше капиталот; y Намерно осиромашување на претпријатијата и нивна продажба по ниски цени; y Партизација на претпријатијата. 2.2. Закон за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште од 1996 год 81 Преодот од самоуправен во пазарен систем на стопанисување, односно во некогашните организации на здружен труд, потоа претпријатија, па трговски друштва, беше голем скок од една во друга законска регулатива, со многу непознати. Приватизацијата во агрокомплексот започна во услови на: загуби, висока неликвидност и висока задолженост, отежнати услови на стопанисување, односно низа лимитирачки фактори, пред сè: високи 81 Закон за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште:„Службен весник на РМ“, бр. 19/96 92 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten