Во 1998 год., Републичкиот одбор на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Македонија(на седница од 23 април) расправаше за трансформацијата на аграрните претпријатија и објави Протест заради несоодветниот однос на Владата на РМ во овој процес. Синдикатот сметаше дека се доцнеше со носењето на Законот и приватизацијата и се одвиваше: во нереален амбиент, дека под диктат на Светската банка се укина емисијата за кредитирање на примарното земјоделско производство и резерви(што беше причина овој сектор да западне во тешка неликвидност); укинати се сите субвенции(заради што е намалено примарното производство, не се искористени капацитетите); има изнудени стечаи, ликвидации и губење на работните места; пазарот се полни со стока од увоз со сомнителен квалитет; со цел да се оствари политиката на мали и средни претпријатија, аграрните комплекси се делеа на ситни самостојни делови кои потоа одеа под стечај(ЗИК„Скопско Поле“, ЗИК„Повардарие“, ЗИК„Прилеп“, ЗИК„Овче Поле“). Од друга страна, пак, во развиените земји во светот, сè повеќе се оди на окрупнување на компаниите кои прераснуваат во интернационални корпорации, со цел да се наметнуваат кај националните економии. Во 1999 год, на Иницијатива на АГРО Синдикатот, Уставниот суд на РМ донесе Решение(У.бр: 120/1999-1-0) за поведување постапка за оценување на уставноста на член 5 став 2 и на член 8 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите кои стопанисуваат со земјоделското земјиште(„Службен весник на РМ“, бр. 25/99). АГРО Синдикатот во 2002 год. се обрати до Агенцијата за приватизација и Министерството за земјоделство да биде вклучен во решавањето на проблемите во друштвата со општествен капитал. Бараше и да се преиспита приватизацијата во повеќе организации од агрокомплексот, што е основната причина за големиот број реакции и незадоволства на вработените(„Нико Доага“ од Крушево; АД„Месопродукт“ од Куманово; АК„Лозар“ од Битола;„Агрокооп“ и„Агропродукт“ од Свети Николе; АД„Македонија“ од Неготино; ДОО„Благој Туфанов“ од Радовиш;„Винојуг“ и„Оранжерии“ од Гевгелија, и др.). 2.3. Закон за приватизација на државниот капитал во претпријатијата 83 Законот ги уредува: евиденцијата, управувањето, начинот и постапката на приватизација на државниот капитал во претпријатијата и банките, односно трговските друштва. Државен капитал е учеството(трајните влогови) на Република Македонија, односно органите на државната власт, во вредноста на претпријатијата, 83 Закон за приватизација на државниот капитал во претпријатијата:„Службен весник на РМ“, бр.: 37/96, 25/99, 81/99, 49/00, 6/02, 31/03, 38/04, 74/05, 123/12 94 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten