односно трговските друштва согласно со: Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште и Законот за уредување на односите во врска со отплата на користени кредити од меѓународни финансиски организации, влоговите на Република Македонија во вредноста на претпријатието согласно Законот за преструктуирање на дел од претпријатијата кои во своето работење искажуваат загуби, Законот за санација и реконструирање на дел од банките во РМ, како и капиталот стекнат по други основи во согласност со закон. За вредноста на државниот капитал, претпријатијата, односно трговските друштва ѝ издаваат на Република Македонија, односно на органите на државната власт обични акции, односно потврди за удели. Продажбата на акциите и уделите се врши во пакет или во делови. Со државниот капитал управува и располага Владата на Република Македонија, таа именува членови во органите на управувањето на претпријатијата во кои е застапен државниот капитал. Средствата остварени од продажбата на државниот капитал се приход на Буџетот на Република Македонија. 2.4. Закон за трговските друштва 84 При носењето на првиот Закон за трговските друштва во 1996 год., синдикатите инсистираа: да се утврди правото на вработените да учествуваат во распределбата на профитот; да им се гарантираат правата на помалите акционери и правото на свикување на собранија, односно собири; да им се овозможи правото да имаат увид во извршената ревизија и финансиското работење на работодавачот. Законот беше на повеќе наврати изменуван и дополнуван, но во практиката не ги даде очекуваните резултати: раст и развој на приватниот сектор; не се зголеми бројот на новите вработувања; заради лошото корпоративно управување се зголеми бројот на фирмите кои отидоа во стечај и ликвидација; не се остваруваше учеството на вработените во управувањето, итн. Со носењето на новиот Закон за трговските друштва од 2004 год., синдикатите бараа и очекуваа да се остварува: транспарентноста на целиот режим на трговското право; добро корпоративно управување во сите видови друштва; поголемо учество на вработените во управувањето; да се зголемуваат инвестициите и влезот на странскиот капитал во домашните трговски друштва; да се создадат услови за вработување на поголем број на работници; учество на вработените акционери во распределбата од 84 Закон за трговските друштва:„Службен весник на РМ“, бр.: 28/96; 28/04; Закон за изменување и дополнување на Законот:„Службен весник на РМ“, бр.: 28/04; 84/05; 25/07; 87/08; 42/10; 48/10; 24/11; 166/12; 70/13; 119/13; 120/13; 38/14; 41/14; 138/14; 88/15; 6/16 ДЕЛ III: СОПСТВЕНИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 95
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten