Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

4.1. Стечај и ликвидација на претпријатијата 88 Стечајот стана извор на невработеноста, причина за осиромашување на голем број работници и начин на збогатување на поединци за сметка на општествениот капитал, проследени со незадоволство на вработените и реакции на синдикалните организации. Синдикатите сметаа дека стечајни­те постапки се одвиваа со малверзации особено при оценка на долговите, со свесно туркање на претпријатијата во стечај за да се намали нивната вредност, а потоа да се приватизираат и да се ослободат од поголем број работници. Стечајните работници преживуваа тешки социјални моменти, борејќи се за гола егзистенција, во очекување дека власта ќе понуди из­лезни решенија и мерки со кои ќе се отвораат нови работни места и ќе се зголемува вработеноста. Невработените стечајни работници стекнуваа одредени права спо­ред Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, право на користење паричен надоместок преку Заводот за вработување (зависно од стажот), а со над 25 години стаж имаа право на паричен на­доместок до нивното повторно вработување или пензионирање. Парич­ниот надоместок за стечајците ниту од далеку не ги покриваше нивните основни егзистенцијални потреби. Покрај тоа, Заводот за вработување го исплаќаше надоместокот со задоцнување и по два месеца заради нере­довната исплата на платите, како и заради зголемување на бројот на нови невработени кои, исто така, имаа право на паричен надоместок. И покрај ваквата состојба, одредени претпријатија(особено од текстилната инду­стрија) кои остваруваа континуирано производство, или оние кои беа во стечај и повторно го организираа процесот преку соработка со партнери од странство, се судираа со проблемот на ангажирање на потребниот број работници за остварување на договорениот аранжман. Имено, кај повеќе­то работници кои работеа во овие претпријатија не постоеше мотивација и не им се исплаќаше повторно да се вратат на работа, бидејќи сега како стечајци примаа надомест од Заводот за вработување и, во меѓувреме, на­шле работа нацрно. Состојби. Земањето замав на стечаите во првите години со започнување­то на транзицијата остави без работа 10-15.000 работници(само во 1993 год. без работа врз оваа основа останаа 11.093 работници), околу 30% од вра­ботените работеа во претпријатија за кои инсолвентноста беше сериозен проблем, а инсолвентни беа 1.058 правни лица, со 55.819 работници. Бројот 88 Стечајот е судска постапка за ликвидирање на претпријатието.(1) Стечајната постапка има за цел колективно намирување на доверителите на стечајниот должник, со впаричување на долж­никовиот имот и распределба на остварените средства(приходи) на доверителите или со склу­чување на посебен договор за порамнување на побарувањата утврдени со планот за реоргани­зација што е насочен кон натамошно одржување на должниковиот деловен потфат(член 3 од Законот за стечај). Пред отворањето на стечајната постапка може да се врши и порамнување на побарувањата, а се спроведува кога во период од 45 дена стечајниот должник е неспособен за плаќање. 100 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)