Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

и приватизација; 101 да се обезбеди редовна месечна исплата на паричниот надоместок на стечајците, истиот редовно да се усогласува со висината на најниската плата и да се пролонгира рокот на неговото користење; да се обезбедат средства за исплата на паричниот надоместок со дополнително оданочување на нафтата и нафтените деривати, и др. Најголемите заложби на синдикатите беа да се реактивираат прет­пријатијата во стечај и да се вратат на работа стечајните работници. Во тоа посебна загриженост искажуваа и им помагаа на стечајците синдикални­те организации и синдикалното раководство во самите претпријатија. Во многу случаи тие беа на удар на раководството на претпријатијата, кои на­оѓаа начини да им се реваншираат за нивниот ангажман за спроведување законска стечајна постапка. За таквите случаи, синдикатите даваа помош во надминувањето на спорните случаи и посебно на враќање на работа на синдикалното раководство при повторното заживување на претприја­тието. 102 Синдикатите во континуитет остваруваа активности од различен вид: одржуваа работни средби со претставници на здруженијата на стечајни­те работници; во 2009 год. организираа разговори со стечајни работници и кандидатите за Претседателските избори(кои потпишуваа спогодби со стечајците дека доколку бидат избрани, ќе се ангажираат за решавање на нивните економско-социјални проблеми); средби со шефовите на прате­нички групите; на Економско-социјалниот совет го доставија на расправа предлог-текстот на Законот за материјално обезбедување на неврабо­тените лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, понуден од стечајците; водеа постапки во судови­те, стечајни постапки, обезбедување на стечајни побарувања и сл.; орга­низираа протести и штрајкови; одржуваа прес-конференции и објавуваа соопштенија за медиумите. 4.2. Технолошки вишок Со започнување на процесот на трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал и воведувањето на пазарното стопанство, прогла­сувањето на технолошкиот вишок стана масовна појава. Но, тоа не беше резултат на технолошкиот напредок, туку во најголем дел на: лошата ор­ганизација, финансиската неликвидност на претпријатијата и немоќта на 101 СТКЧ се ангажираше за почитување на еден од врвните приоритети при продажбата на прет­пријатијата од текстилната индустрија повторното работно ангажирање на вработените, како што беше случајот со текстилниот комбинатМакедонка од Штип(кој имаше 3.000 вработени), чии капацитети, по две години, во 2002 год. беа продадени на фирми со најдобри понуди. 102 Во ф-ка за санитарна керамикаМакедонија од Струмица, во 1998 год. гранскиот синдикат СХНМ и општинскиот синдикат на Струмица застанаа во одбрана на синдикалното раководство на фабриката, а вработените најавија штрајк. Со нив директорот не сакаше да потпише договори за работа по прекинот на стечајната постапка во фабриката, со образложение дека не е потребен таков профил на работници. ДЕЛ III: СОПСТВЕНИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 109