Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

остро се спротивставуваа на таквите неоправдани намери и тенденцијата секогаш проблемите да се решаваат за сметка на работниците. 106 Висината на паричниот надоместок што го добиваат лицата кои се на евиденција во АВРМ како невработени(во кои и технолошкиот вишок) се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодава­чот согласно со закон, колективен договор и договор за вработување. Тој изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за послед­ните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месе­ци, а за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеци, паричниот надоместок за првите 12 месеци изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци, а за преоста­натото време 40% од просечната месечна нето-плата. Надоместокот не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето-плата по работник во Републиката, објавена за последниот месец. 4.3. Привремен принуден одмор Во Законот за работните односи е уредено дека причините, условите и постапката за привремениот принуден одмор се разработуваат со ко­лективните договори. Во колективните договори на ниво на работодавач, во основа е уредено дека привремен принуден одмор се организира од страна на работодавачот кога работниот процес е привремено, целосно или делумно прекинат или е намален обемот на работа во одредени ор­ганизациони делови во претпријатието. Работниците од тие делови може да се упатуваат на привремен принуден одмор, со тоа што се обезбедуваат објектите и постројките и квалитетот во работата која продолжува да се извршува. Работодавачот е должен да изготви соодветна програма за привремен принуден одмор, во која ги изнесува: причините и очекуваните економ­ско-финансиски ефекти од таквиот чекор; организациониот дел; бројот на работниците кои остануваат на работа; работите кои ќе се извршува­ат за време на принудниот одмор; можноста за наизменично упатување на работниците на привремен принуден одмор, и др. Програмата се до­ставува до синдикатот најмалку 30 дена пред нејзиното спроведување, а тој е должен да ја разгледа и да даде свое мислење во рок од 10 дена од приемот. Принудниот одмор може да трае најдолго 3 месеци во текот на 106 Во 2009 год., Титан, грчкиот сопственик на ЦементарницатаУсје, планираше да прогласи технолошки вишок 180 вработени, што беше 1/3 од вкупно вработените, иако компанијата рабо­теше профитабилно. Со тоа се кршеше и спогодбата од 1998 г. когаТитан ги откупи акциите од вработените и гарантираше дека сите вработени ќе останат на работа до пензионирање. На ова се спротивстави Синдикалната организација во компанијата и организираше предупредувачки штрајк, со поддршка од нивниот грански синдикат(СГИП). Во преговорите на вработените им се понудија отпремнини(на рати до 2011), што не беше прифатено од поголемиот број вработени. Синдикатот овој случај го пријави и до Трудовата инспекција, со барање странскиот инвеститор да ја почитува спогодбата и македонските закони. ДЕЛ III: СОПСТВЕНИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 113