4.4. Претпријатија„загубари“ Со осамостојувањето на Република Македонија и распаѓањето на југословенскиот пазар, односно со започнувањето на пазарното стопанство, голем број претпријатија останаа без суровини, без работа и со големи финансиски задолжувања. Се отвори проблемот како да се изврши нивната сопственичка трансформација и како да се обезбедат илјадниците вработени кои ја губеа работата. Цените на основните животни потреби се зголемуваа рапидно, работниците беа ставени на работ на голата егзистенција, сè понагласено беше социјалното раслојување и растеше социјалната тензија. Во овој период, синдикатите посебно внимание во своето работење му посветија на решавањето на проблемот на големиот број на работници чија потреба престануваше заради технолошки, економски, организациски и сл. причини, во т.н. претпријатија„загубари“. Реагирањата и барањата на синдикалците се однесуваа првенствено на тоа синдикатот да биде информиран, консултиран, да се води социјален дијалог и да се почитуваат неговите ставови кога се бараа можни излезни решенија за прашања од суштествен интерес за работниците. Во тој дел, синдикатите бараа да бидат вклучени во преговорите со мисиите на меѓународните финансиски институции – Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Во јануари 1995 год. се донесе Закон за преструктуирање на дел од претпријатијата кои во своето работење искажуваат загуби. 107 Со него се уредуваат условите и начинот на организационото и финансиското преструктуирање на дел од претпријатијата кои искажуваа загуби во работењето, кои ги определуваше Владата на РМ. Заради ефикасно функционирање во пазарни услови на стопанисување, претпријатијата, во соработка со Агенцијата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, беа должни да изготват програма за преструктуирање. Согласно Законот за преструктуирање(член 22), на работникот на кој му престануваше работниот однос заради преструктуирање на претпријатието, му се исплаќаа платите, надоместоците и испратнината со денот на одобрувањето на програмата за преструктуирање од страна на Владата на РМ. Надлежните органи во претпријатието се должни пред да воведат структурни промени, претходно да го информираат синдикатот за видот на промените и нивните последици од престанокот на работниот однос на работниците, за бројот и структурата на работниците на кои ќе им 107 Закон за преструктуирање на дел од претпријатијата кои во своето работење искажуваат загуби:„Службен весник на РМ“, бр. 2/95 ДЕЛ III: СОПСТВЕНИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 115
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten