Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

1. Вработеност и невработеност Невработеноста е хроничен проблем во многу општества која носи загуба и за поединците(невработените лица ги губат своите вештини и конкурентност на пазарот на трудот) и за националната економија(која се соочува со ерозија на човечкиот капитал). Во Република Северна Македо­нија, исто така, невработеноста е проблем кој се провлекува со децении наназад и покрај тоа што се преземаат мерки за нејзино надминување. Таа е особено изразена, алармантна и сложена со започнувањето на транзи­цијата заради: преструктуирање на стопанството и губење на работните места, намалување на моќта на стопанството за нови вработувања и воспо­ставување рамнотежа меѓу понудата и побарувачката на работната сила. Невработеноста во државата и во поново време е актуелно прашање. Ваквата состојба бара сите одговорни субјекти во државата максимално да се зафатат за водењето соодветни политики и создавање деловен амбиент за домашните и странски инвестиции, со што, воедно, ќе се спречи да се издигнува сè погоре и погоре негативниот ефект од производот на висо­ката стапка на невработеност сиромаштијата. 1.1. Општи статистички белези за работната сила во Република Северна Македонија во транзицискиот и после транзицискиот период Недоволната искористеност на работната сила во РСМ, намалувањето на бројот на вработените, зголемување на годините поминати во чекање на работа, создава бесперспективност за вработување на младите, психо­лошки трауми, се нарушуваат нормалните текови на животот. Драстично намалување на бројот на вработените во државата започ­на со процесот на приватизација на општествениот капитал. Во периодот 1993-1997 година само врз основа на т.н.загубари, без работа останаа 37.000 работници, односно стапката на невработеност од 24.7% во 1993 година се искачи на 36% во 1997 година, што ја пласираше државата меѓу првите во Европа кои се соочуваа со овој проблем. Во однос на структура­та на невработените околу 49,7% се лица до 30 години(претежно со ви­соко образование) кои нивната иднина ја гледаа водивото вработување или иселување од државата. Проблемот со невработеноста беше сериозен и во првата декада на новиот милениум. Само врз основа на стечаи и технолошки вишок се изгу­бија над 35.000 работни места. Во 2000 год. се регистрирани 362.364 лица 134 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)