кои бараат вработување, со што е надминат бројот на вработени, кој изнесуваше 314.512. Во 2002 год.(според Анкетата на работна сила), бројот на вработените изнесува 540.846, но во нив се вбројуваат било какви вработувања, дури и оние кои траеле неколку дена. Стапката на невработеност во периодот 2003-2007 изнесуваше над 30%. Највисока е стапката на невработеност во 2004 година – 37.2% и 2005 година – 37.3%. Во времето на светската финансиска и економска криза од 2008 год. во РМ се изгубија над 20.000 работни места заради намалување на обемот на производството во фирмите, голем број работници се упатени на привремен принуден одмор или се прогласени технолошки вишок. Во Агенцијата за вработување на РМ, во 2009 год. имало 341.295 евидентирани невработени лица. Со оглед на сериозноста на проблемите со невработеноста кои создаваат далекусежни негативни последици врз целокупното општество, синдикатите укажуваа на неопходноста од донесувањето на национална стратегија за вработување, со мерки и активности кои ќе ги дадат очекуваните резултати – ќе го намалат високиот процент на невработеност и посебно на долгорочната невработеност. Национален акционен план за вработување 2004-2005 – НАП(поддржан од Европската агенција за реконструкција) беше изготвен во согласност со Насоките за вработување и Стратегијата за вработување на ЕУ, прилагоден на условите и специфичностите на пазарот на трудот во земјата. Овој документ понуди мерки за кои се очекуваше на подолгорочен план да се овозможи подобар, побрз и еднаков пристап до работните места за секого и поголема флексибилност на пазарот на трудот. Стапката на невработеност во втората декада на новиот милениум бележи намалување: во 2010 година таа изнесуваше 32.1%, но до 2018 година се намали на 21.6%. Споредено со ЕУ, стапката на невработеност во Македонија е неколкукратно повисока, На пример, за периодот 1991-2013 год., таа скоро трипати е повисока. Според Евростат, во јуни 2018 год. стапката на невработеност во ЕУ била 6,9%. Земјите-членки со најниски стапки на невработеност се Чешка со 2,4% и Германија со 3,4%. Највисока невработеност има во Грција со 20,2% и Шпанија со 15,2%. 1.2. Правни инструменти и прописи за вработувањето Закон за вработување во СРМ од 1987 год. Законот се донесе како една од мерките за амортизирање на негативните последици од вработувањето(во овој период приоритет им се даваше на социјалните критериуми, додека стручноста беше на втор план, или пак, во повеќето ОЗТ таа и воопшто не се земаше предвид). Со овој Закон се намали изразениот ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 135
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten