Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Поддржувајќи го овој Закон, синдикатите сметаа дека тој е децениски предизвик за валоризирање на вложениот труд за работниците кои со го­дини биле ангажирани со низок надомест. Ова е мотив овие работници да ја искористат стручноста, потенцијалите и да покажат максимум во рабо­тењето, што ќе се одрази позитивно врз подобрувањето на нивната мате­ријално-социјална положба. 1.3. Работната сила на пазарот на трудот Агенција за вработување на Република Северна Македонија(АВР­СМ). Почнувајќи од 1997 год. кога се донесе Законот за вработување и оси­гурување во случај на невработеност, во Република Македонија започна да функционира Заводот за вработување на РМ(денес Агенција за врабо­тување на РМ) со 30 подрачни бироа за вработување. Основната функција на Заводот и бироата за вработување е да обезбедува услуги на работода­вачите во обезбедување на потребната работна сила, а на невработените помош во наоѓањето соодветна работа. Агенцијата за вработување на РСМ дава услуги при самиот процес на вработување и учествува во реализацијата на правната постапка за засно­вање на работен однос. Преку АВРСМ, се остварува правото на паричен надоместок во случај на невработеност. Од 1.4.2015 год. невработените лица кои за првпат се пријавуваат во Фондот за здравствено осигурување на Македонија за стекнување на право на здравствено осигурување, не е потребно да доставуваат и потврда од АВРМ дека се невработени лица. Во работата на Управниот одбор на Агенцијата, синдикатите учеству­ваат со свој претставник и придонесуваат во градењето на развојните политики кои се во насока на зголемување на бројот на вработувањата, посебно со програми за вработување на младите, како и во реализацијата на проекти во функција на модернизацијата и зајакнувањето на нејзините капацитети. Младински задруги за посредување при вработувањето. Законот за младинските задруги 133 беше на сила од 1988 год. На почетокот имаше регистрирано повеќе од 50 вакви задруги, за со текот на годините да се намали нивниот број на 37. Младинските задруги беа самостојни самоу­правни организации кои посредуваа при привремено вработување на нивните членови(ученици, студенти и невработени младинци) за потре­бите на организациите на здружениот труд. Законот за младински задруги беше рестриктивен и дозволуваше ангажирање само на лица од 15 до 27 години и само еднаш во годината и за одредени работи, што придонесе за 133 Закон за младинските задруги:Службен весник на СРМ, бр. 28/88 142 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)