Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

намалување на неговата примена и популарност. Со стапувањето на сила на Законот за агенциите за привремени вработувања во 2006 год., 134 мла­динските задруги се реорганизираа и пререгистрираа во приватни аген­ции за привремени вработувања. 135 1.4. Учество на синдикатите во проекти за вработување и надминување на невработеноста во Република Северна Македонија За синдикатите невработеноста во државата е сериозен економски, социјален и политички проблем и бараат и поддржуваат мерки за зачуву­вање на постојните и отворање на нови работни места. Синдикатите ука­жуваат на потребата за ублажување на невработеноста, да се почитува ЗРО и колективните договори, како и принципите на транспарентност и одговорност, посебно за вработувањата во јавната администрација, со апел без партизација, туку за институционалните потреби. Исто така, да се носат национални стратегии и програми за економски развој од долгоро­чен карактер со цел да се создадат претпоставки и услови за зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста. Исто така, за намалување на невработеноста, синдикатите бараат Вла­дата на РСМ да носи стимулативни мерки за вработување за да се поттикне мотивацијата и иницијативата кај работодавачите да вработуваат повеќе работници. Проблемот со сивата економија да се решава системски, со учество на сите надлежни органи со преземање на соодветни мерки и на тој начин да се прекине со злоупотреба на трудот, односно работниците да се вработуваат согласно закон и колективен договор. Проекти и програми за вработување. Заради остварување на струк­турните реформи во социјалниот сектор и пазарот на трудот, стимулирање на вработувањето, синдикатите ги поддржа и учествуваа во реализацијата на целите на повеќе проекти и програми заедно со социјалните партне­ри, посебно со МТСП: КАРДС програмата 136 ; ФАРЕ програмата 137 ; VET-1, 134 Закон за агенциите за привремени вработувања:Службен весник на РМ, бр.: 49/06; 102/08; 145/10; 136/11; 13/13; 38/14; 98/15; 147/15; 27/16 135 Таква младинска задруга бешеПартнер која постоеше над 16 години, а која во 2006 год. се пре­регистрира и денес под истиот назив функционира како Агенција за привремени вработувања. 136 За CARDS Светска банка, Партнерство со РМ,Слика на Програмата на земјата, април 2014 год. 137 PHARE програмата(phare на француски значи светло) е претпристапен инструмент финансиран од Европската Унија за поддршка на земјите од Централна и Источна Европа во нивните подготов­ки за приклучување на Европската Унија. Донесена е во 1989 год., најпрво како помош за рекон­струкција на полската и унгарската економија, а подоцна и на 10 други земји кои пристапија во ЕУ. Од 1997 год. се фокусира врз стратегијата за претпристапување, како одговор на Луксембуршкиот Совет кој го започна тековниот процес на проширување. Република Македонија e корисник на ФАРЕ од 2000 год., заедно со Албанија и Босна и Херцеговина. ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 143