Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Редовната исплата на платите и нивната висина, придонесите од плата, се прашања кои се секогаш во центарот на вниманието на синдикатите, како основен извор на материјално-социјалната сигурност на работници­те и нивните семејства. Синдикатите се залагаат платите да се регулираат автономно, со колективните договори, а не да се применуваат админи­стративни мерки. Синдикатите покренаа и иницијатива за воведување на категоријата минимална плата со посебен закон. 2.1. Исплата на платите, нивната висина и редовност Во РСМ, работниците имаат право на плата согласно со закон, колек­тивен договор и договор за вработување. Работодавачот е должен плата­та да ја исплаќа во парична форма. За еднаква работа со еднакви барања на работното место работодавачот треба да исплаќа еднаква плата на ра­ботниците. Било кој правен акт кој е спротивен на ова начело е ништовен. Работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеци последователно, имаат право да покренат иницијатива пред надлежен суд за престанок на работодавачот и да им се обезбедат сите права од работен однос. Паричните побарувања од рабо­тен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската. Основната плата се состои од плата за работна успешност и дода­тоци, а се определува согласно: стручна подготовка, стекнатите вештини, сложеноста и одговорноста на работното место. Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон. Дел од плата за работна успешност се утврдува врз основа на утврдени критериуми и мерила, односно како работникот се ангажира на работното место и какви резултати постигнува, заштеди во процесот на работењето; негова­та стручна подготовка, стекнатите вештини, сложеноста и одговорноста на работното место. Додатоци на основната плата работникот прима доколку работи во потешки услови за работа; кога употребува заштитни средства; кога е изложен на посебни опасности. Основната плата на работникот се зголемува по час за: прекувремена работа; работа ноќе; работа во три смени; работа во ден на неделен одмор; работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон. Предвиден е и додаток на плата(Закон за административни службеници, член 91. 141 ); додатокот за кариера(Закон за внатрешни работи, член 146, точка 1). Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја го­дина работен стаж. 141 При носењето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:Службен вес­ник на РМ, бр. 12/19, Синдикатот на УПОЗ се избори вработените во Државната комисија за спре­чување на корупцијата и судирот на интереси да имаат право на додаток на плата за посебни услови за работа, за постоење на висок ризик и за доверливост. ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 149