Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Платата на приправник е определена според закон и колективен договор, но не помалку од 40% од основната на работното место за кое се оспособува(ЗРО, член 114), односно изнесува 70% од најниската плата за одреден степен на сложеност предвидена за работното место за кое се оспособува(член 30 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопан­ството 143 ). Кога работникот има професионално заболување или се повре­дил за време на работа(вклучително и за времето на доаѓање и замину­вање од работа), прима 100% плата од просечната плата на работникот. За време на прекин на работниот процес од деловни причини, работникот прима 70% од неговата плата за период од 3 месеци во тековната годи­на. Работникот може да биде испратен на принуден одмор за период од 3 месеци во тековната година, кој работодавачот го организира според од­редбите од колективните договори и на работникот му се исплаќа плата не помала од 70% од основната плата што работникот ја остварил во прет­ходниот месец. За време на работа во денови на празници, основната пла­та на работникот за тие денови на работа се зголемува за 150%(основна плата и плата зголемена за 50%). Работниците имаат право и на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор: дневници за службени патувања во земјата и странство; теренски додаток; одвоен живот; за не­прекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување во висина на основицата; при селидба за потребите на работодавачот; новогодишен надомест; надомест на трошо­ците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот; во случај на смрт на член од потесното семејство; елементарни непогоди; јубилејни награди; исплата на додаток на основната плата во висина од 0,5 % за секоја година работен стаж; за заминување во пензија, и други надо­местоци кои се утврдени во колективните договори на ниво на дејност и на ниво на работодавач. 2.2. Гарантиран личен доход Ова беше дел од синдикалните листи кои ССМ ги објавуваше во 80-тите години од минатиот век, а се утврдуваше според ЗРО и изнесу­ваше 70% од просечниот чист личен доход по работник во стопанство­то во Републиката во претходниот месец. Ова беше една категорија за праведност во наградувањето на трудот и за заштита на работници­те од сиромаштија. Како можно решение за надминување на состој­бите со исплата на заработениот личен доход, ССМ предлагаше да се утврди гарантиран личен доход кој работниците би го добивале за редовно извршување на работните задачи. Гарантираниот личен доход не се поистоветуваше со најниската плата која се утврдуваше со колективни­те договори. 143 ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството(пречистен текст):Службен весник на РМ, бр. 115/14 ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 151