Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

2.4. Нормативно уредување на платите Во РСМ правото на заработувачка плата е уредено со највисокиот правен акт Уставот на РМ,законите 146 и колективните договори на сите нивоа на склучување. Во Уставот на Република Македонија, во член 32 е утврдено:Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работење­то и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вра­ботен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. Закон за исплата на платите и другите надоместоци и дивиден­ди во Република Македонија од 1992. 147 Синдикатите сметаа дека Законот е крајно неприфатлив бидејќи беше рестриктивен и се донесе непосред­но пред склучувањето на ОКД со кој се обезбедуваа еднакви минимални права на работниците од работен однос, вклучувајќи ги и платите. Син­дикатите енергично укажуваа дека единствена регулатива во доменот на платите мора да бидат колективните договори и примената на најниската плата според степенот на сложеност. Во таа смисла, изразија Протест кон Собранието на РМ и Владата на РМ заради целосната исклученост на син­дикатите како социјални партнери при носењето на мерките од Антиин­флационата програма и овој Закон. 148 Заради сложената економска и политичка положба во државата, и по­крај ставот дека е крајно неприфатливо да е на сила закон за плати, син­дикатите побараа да се направат извесни корекции на Законот со цел да се оствари одредена минимална заштита и еднаква појдовна позиција на работниците независно каде се вработени. Во таа смисла, бараа најниска­та плата да се коригира сразмерно на движењето на трошоците на живот за соодветниот месец за да се спречи натамошното опаѓање на реалните плати(за месец април 1992 год. синдикатите бараа најниската плата да се коригира најмалку за 30%). Нерешениот статус на дел од јавните претпријатија го отвори пробле­мот за итна разврска преку буџетски и други извори на финансирање со 146 Закон за работните односи; Закон за исплата на плати во РМ; Закон за државни службеници; Закон за плати на членови на судскиот совет на РМ; Закон за плати на судиите; Закон за платите на јавните обвинители; Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во РМ; Закон за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на РМ и други избрани и име­нувани лица во Републиката; Закон за минимална плата во РМ. 147 Закон за исплата на платите и другите надоместоци и дивиденди во Република Македонија: Службен весник на РМ, бр. 26/92 148 Претседателство на Советот на ССМ, седница од 28.4.1992 ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 155