Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

туку тие дополнително да се пресметуваат согласно колективните догово­ри. Минималната плата од 1 јули 2020 година изнесуваше 14.934,00 ден. Синдикатите бараа да се почитуваат законите, да се исплаќа минималната плата и финансиската поддршка од државата, надлежните инспекциски органи да ги казнуваат несовесните работодавачи и јавно да ги објавуваат нивните имиња. Во спротивно, синдикатите ќе постапуваат по пријавите на работниците и ќе поднесуваат кривични пријави за работодавачите според член 166 од Кривичниот законик. 2.5. Карактеристики и влијанија на исплатата и порастот на платите Инфлација и хиперинфлација. Слободното дејствување на економ­ските закони, слободната конкуренција и немешањето на државата во економскиот живот кај стопанските субјекти се основата на пазарната еко­номија. Но, за пазарниот начин на стопанисување се потребни соодветни услови. Во 80-тите години во Република Македонија во тој поглед голема сопирачка претставуваше експлозивната инфлација и огромниот пораст на цените. Во првото тримесечје од 1989 год., инфлацијата достигна ниво од 675 %, а до крајот на годината повеќе од 1.250%. Во таа година, лебот поскапе 11 пати, а шеќерот за 17.5 пати, или 1.600%. Ова крајно ја забавуваше стопанската реформа, го обезвреднуваше трудот и го поттикнуваше опаѓањето на животниот стандард. Во вакви ус­лови на едно 4-члено семејство во Републиката му беа потребни за мини­мум животни трошоци 4.880.864 тогашни динари(податоци од јули 1989 год.), а просечниот личен доход изнесуваше повеќе од двојно помалку 2.193.469 тогашни динари. Личниот доход во најголем дел служеше за одр­жување на основните егзистенцијални потреби, што го потврдува подато­кот дека во тој период реално опаднал прометот во трговијата на мало за 10,7% во однос на претходната година. За справување со инфлацијата, синдикатите побараа од Извршниот со­вет на РМ: во најкус рок да донесе ефикасна Антиинфлациона програма која ќе ги елиминира инфлаторните генератори; да се донесат мерки за диференцирано растоварување на стопанството; да се иновира Програма­та за економско-финансиска консолидација на стопанството и банките во СРМ и Програмата за користење на средствата од заемот за вработување за нивно поцелосно и поефикасно користење и остварување на зацртани­те цели; да има поголем увоз заради поголем ефект врз производството, со ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 171