Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Синдикатите побараа за непочитувањето на Уредбата за финансиска поддршка: на работодавачите да им се изрече глоба за сторен прекршок; работодавачите да ги вратат добиените државни финансиски средства; УЈП да изврши присилна наплата на платите на работниците од овие фир­ми; Основното јавно обвинителство да покрене постапка за сторено кри­вично дело измама, а Владата на РСМ јавно да ги објави фирмите кои до­биле државна финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите работници; во иднина сите финансиски мерки за помош и поддршка да им се исплаќаат директно на работниците. 2.6. Показатели за животниот стандард на работниците Синдикална листа. Во времето на започнувањето на транзицијата, за­ради депресираните лични доходи во услови на висока инфлација и заштита на животниот стандард на работниците, како еден од најзначајните ангаж­мани на синдикатите беше воведувањето на синдикалната листа. Таа ги со­држеше минимумот барања на синдикатите во остварување на материјал­ните права на работниците од работа, кои ги застапуваше во договарањето и преговарањето со другите субјекти во системот: државата, Стопанската комора на Македонија и асоцијациите на работодавачите и со работово­дната структура на претпријатијата. Синдикалната листа се доградуваше врз основа на искуствата од нејзината примена во другите делови од тогашната југословенска федерација. Синдикатите се залагаа синдикалната листа со утврдената квантифика­ција да биде вклучена во колективните договори и во Општествениот дого­вор за распределба. На таков начин се обезбедуваше материјална и социјал­на сигурност на работниците во претпријатијата(општествени, приватни, мешовити) и другите организациони форми со различен вид на сопственост на капиталот. Категоријата најнизок личен доход како цена на работната сила со нај­низок степен на сложеност(за чие утврдување синдикатите инсистираа цели 2 години), претставуваше најзначајниот елемент содржан во делот на синдикалната листа: права што произлегуваат од трудот и стопанисување­то. Под најнизок личен доход се подразбираше личен доход кој обезбедува нормална репродукција на работната способност на работниците и реално економско вреднување на трудот со најнизок степен на сложеност, за полно работно време и нормални резултати од работењето. Износот на најниски­от личен доход се утврдуваше врз основа на вредноста на кошничката на производи и услуги за задоволување на минимум стандард на 4-члено се­мејство и со примена на корективот за отстапувањето на македонската, во однос на југословенската продуктивност на трудот(на пр. најнискиот личен доход според синдикалната листа на синдикатите во септември 1989 год. из­несувал 3.035,309; во мај 1990 год. изнесувал 2.299,60 тогашни динари). 180 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)