цени(на пр. кај облеката и обувките се пресметува набавка на по едно парче облека и обувки за секој член на семејството по сезони; кај здравјето се земени предвид основните трошоци за лекарства, без оние за хроничните болести). Со синдикалната минимална кошница се пресметуваат само неопходните трошоци за живот, а не се вклучени трошоците за: рекреација, образование, култура, семејни прослави, итн. И покрај ваквиот приод во пресметката на минималната синдикална кошница, просечната исплатена нето-плата покрива околу 70% од трошоците предвидени во неа, кон што се надоврзува и варирањето на цените на: струјата, затоплувањето, водата. Табела 3. Вредност на синдикалната минимална кошница во однос на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во РСМ во декември 2010-2020 год. Синдикална минимална кошница Просечно исплатената нето-плата 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 29.199 30.348 32.015 32.216 32.238 32.233 32.102 32.475 32.671 32.732 33.697 21.454 21.415 21.469 21.150 22.408 22.715 23.457 23.850 24.517 26.836 28.294 Извор: www.ssm.org.mk; www.stat.gov.mk За синдикалната минимална кошница постои голем интерес од страна на работниците и пошироката јавност, со оглед на тоа што ги прикажува вистинските трошоци на живот. Таа, исто така, иницира и други прашања, како на пример, во врска со утврдување на основата за минимална и најниска плата, изнаоѓањето модели за помош на граѓаните кои живеат во сиромаштија и други актуелни состојби. 3. Станбената политика и потребите на синдикалното членство Домувањето претставува основна животна потреба на секој човек. Станот, куќата, живеалиштето се нераздвојни компоненти на домувањето, во кои се одвива индивидуалниот и заедничкиот живот на човекот. Домувањето е основно начело на постоењето на човекот, одржување на неговата самобитност и личен идентитет, но воедно во начинот на домувањето се огледа и културата и степенот на цивилизираноста на луѓето, општата општествена култура и економски просперитет на државата. Оттука, задоволувањето на оваа потреба не може да се остави да функционира ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 183
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten