исклучително врз законите на пазарната економија, односно врз принципите на понудата и побарувачката, туку мора да има мултидимензионален пристап во дефинирањето на приоритетите и предлагањето мерки, што претпоставува вклучување на сите засегнати страни и сите субјекти инволвирани во овој процес. 3.1. Можности за решавање на станбеното прашање во транзицијата Пред транзицијата, Република Македонија помина низ фази кога беа создадени услови прашањето на домувањето да се третира како дел од севкупната економско-социјална политика, односно граѓанинот зависно од своите потреби и можности да го решава станбеното прашање. За тоа потврдува динамиката на станбената изградба која сè до 1986 год. бележеше висок пораст, за во наредната декада таа двојно да опадне. Ваквиот тренд на опаѓање на бројот на изградени станови продолжи и во наредниот период и во просек тој се движи од 5.000 до 6.000 станови годишно. Основните средства за изградба на станови се обезбедуваа: со учество на средства за станбена изградба на Република Македонија, преку општинските фондови за станбена изградба; со издвојување и здружување на средства од вработените(од остварениот чист доход и од исплатениот личен доход); како и од лични средства преку користење кредити за купување станови што ги нудеше пазарот. Со стапувањето на сила на Законот за станбени односи, 183 во структурата на вкупно изградените станови, со највисок процент(54,3%), учествуваа становите со општествена сопственост. Меѓутоа, изградбата на овие станови започна да опаѓа заради реалното опаѓање на издвојувањата на основните средства и релативното заостанување на продуктивноста на трудот кај градежната оператива. Овој процес продолжи со навлегувањето во„транзициските води“, кога во Република Македонија започна драстично да опаѓа станбената изградба. Несомнено, транзицијата имаше висока социјална цена: платите опаднаа за околу 40%, безработицата растеше, опадна животниот стандард на работниците и граѓаните, а сето тоа се рефлектира врз можноста и реалните шанси да се дојде до„покрив над главата“ за поголем број на работници и граѓани. Опаѓањето на станбената изградба беше правопропорционално со опаѓањето на животниот стандард. Бројот на семејства со нерешено станбено прашање се движеше од 40-50.000. Изградбата на општествените станови доби драматични текови, опадна дури за 87%, речиси замре. Ова се одрази и врз останатите стопански гранки, бидејќи покрај општествената, социјалната, хуманата, станбената 183 Закон за станбени односи:„Службен весник на РМ“, бр. 36/1973 184 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten