изградба имаше и значајна економска функција – вклучуваше бројни други дејности, што претпоставуваше работа, нови работни места и плати за работниците. Распределбата на општествените станови се одвиваше согласно правилниците за решавање на станбените прашања кои се носеа во претпријатијата и установите од страна на работничкиот совет, а функционираа и посебни комисии за таа намена. Голем број од претставките на синдикалното членство со кои се обраќаа во синдикатите се однесуваа токму на постапките за распределба на општествените станови. Продажба на општествените станови. Меѓу првите мерки што ги презема власта во реформските транзициски процеси, беше продажбата на општествените, односно државните станови, со носењето на Законот за продажба на становите во општествена сопственост. 184 Согласно овој Закон, правото на откуп го имаше носителот на станарското право, или со негова согласност, член на семејното домаќинство. Средствата остварени од продажбата на станот се наменуваат за станбена изградба и тие се водат на посебна сметка во деловната банка. Носителот на станарското право кој нема да го откупи станот, според Законот за домување, 185 може да користи под закуп станови во сопственост на државата. Другите граѓани своите станбени потреби ги решаваат според условите на пазарот и своите можности. По напуштањето на концептот на општествена сопственост на станбениот фонд, во Република Македонија се забележува висока стапка на приватна сопственост врз станбениот фонд: 85% во 1988 год., а по приватизацијата во периодот на 1990-тите, над 95%(бројката е многу повисока од просекот во Европската Унија). Овој висок процент делумно ја релативизира оваа потреба, но секако не ја исклучува одговорноста на општеството кон определени социјални категории. 3.2. Синдикатите и станбеното прашање Со цел да се подобри квалитетот и стандардите на домувањето во РМ, синдикатите генерално се фокусираа да вршат притисок радикално да се промени односот на државата кон домувањето. Со тоа, станот да се третира како темелна животна потреба, а не како стока на пазарот, односно решавањето на станбените потреби на работниците и граѓаните да се стави во корпусот на основните економски и социјални права на човекот и неговото семејство. 184 Закон за продажба на становите во општествена сопственост:„Службен лист на СФРЈ“, бр. 36/90; Закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на становите во општествена сопственост:„Службен весник на РМ“, бр.: 62/92; 7/98; 24/03; 24/11; 144/14 185 Закон за домување:„Службен весник на РМ“, бр.: 21/98; 48/00; 39/03; 96/04; 120/05; 13/07; 99/09; Закон за изменување и дополнување на Законот за домување:„Службен весник на РМ“, бр.: 57/10; 36/11; 54/11; 13/12; 55/13; 163/13; 42/14; 199/14; 146/15; 31/16 ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 185
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten