Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

3.3. Иницијативи на синдикатите за социјално домување Следејќи ги практичните искуства во другите земји, а со цел да се придонесе за создавања поволни услови за решавање на ова исклучително важно животно прашање за работниците и воопшто за граѓаните, синдикатите покренаа Иницијатива за социјално домување и изградба на станови по поповолна цена по метар квадратен станбена површина во однос на пазарната. За таа цел, синдикатите иницираа формирање посебен станбен солидарен фонд кој би се темелел врз моделот на социјално партнерство врз принципот на: солидарност, доброволност и кредитно учество на финансиски партнери од земјата и странство. Реализацијата на вакви проекти во многу ќе придонесе за надминување на социјалната исклученост во домувањето и супстандардното домување во Република Македонија. Вакви модели на социјално партнерство за станбени проекти во светот се практикуваат и има мошне позитивни искуства, како: за пристапно дому­вање, во кое спаѓа домувањето за станари-сопственици, односно домување под закуп, потоа приватно-јавно партнерство, и др. Од моделите за финан­сирање на вакви проекти се практикуваат: краткорочно финансирање, кое се одвива во периодот на изградба и е со најниска можна каматна стапка; мерки за намалување на деловните ризици, односно вложување во соп­ствен капитал; субвенции за намалување на куповната цена(на пр. бесплат­но земјиште и инфраструктура); потоа т.н. вкрстени субвенции од профитни активности(од деловен простор, станови во сопственост); долгорочни ни­скокаматни заеми од меѓународни финансиски институции, и др. 3.4. Состојби во станбената област во РСМ Карактеристично за периодот по транзиција за станбената област во РМ е што започна интензивно инвестирање во изградба на станбен и деловен простор. И покрај економската криза и слабата ликвидност на македонската економија, колапсот во градежништвото во некои земји од регионот и во развиените земји, каде што бизнисот со недвижности стагнира или забрзано паѓа, во Република Македонија се бележи градежна експанзија и изразено зголемување на цената на становите, која најмногу започна да се чувствува од 2007 год. и продолжи со уште поголем интензитет во наредните години. Побарувачката и понудата на станови беше стимулирана со донесу­вањето на Одлуката на Владата на РМ во 2009 год. за намалување на ДДВ, од 18% на 5%. Оваа мерка се однесуваше за новите градби и за становите кои беа веќе изградени, а не продадени до намалувањето на даночната стапка. Оваа владина мерка имаше за цел: во услови на економска кри­за да ја стимулира изградбата на станови, да заживее градежништвото(а со тоа и повеќе други стопански гранки: занаетчиството, индустријата за 188 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)