Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

градежни материјали, производството на мебел, итн.), да се раздвижи па­зарот на недвижности, да се зголеми продажбата на станови како резултат на намалување на цената на становите. И покрај ваквите мерки за нама­лување на ДДВ, цената на квадратен метар корисна станбена површина во Скопје, за поголемиот број граѓани е висока. Со просечна плата, која во 2010 год. изнесуваше околу 20.500 ден., за да се купи стан од 60 м 2 , по­требни се околу 165 просечни нето-плати, односно приход од 13,5 години работа без да се троши на ништо друго, или од околу 40 години работа ако од платата се одвојува 1/3. Според различни проценки, повеќе од 30% од граѓаните во РМ не може да купи било каков стан понуден на пазарот. И покрај тоа што се зголемува бројот на лица кои не се во можност да го решат станбеното прашање заради опаднатата куповна моќ, и ната­му продолжува пазарот да диктира изградба на скапи и луксузни станови. Приватните инвеститори поставуваат нови стандарди во домувањето. Во Скопје и другите градови во Македонија, градат комерцијални луксузни ексклузивни станбени објекти, со употреба на квалитетни и енергетски ефикасни градежни материјали. Најскапите станови во Скопје во елитните населби чинат од 1.050 до 1.250 по м 2 (што е приближно како во некои европски метрополи), а најевтините се движат околу 800 по м 2 . Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со започнување на комерцијалниот градежен бизнис им конкурира на приватните градежни компании со 15%-20% поевтини ста­нови. Но, се фокусира и на изградба на комерцијални станови со повисоки цени од вообичаените со цел добивката да се реинвестира во градење со­цијални станови, да го раздвижат пазарот и преку зголемена понуда да ја намалат цената по станбен квадрат. И покрај неизвесноста на инвеститорите во станбената изградба со мерките на Владата на РМ за подобрување на условите за решавање на станбените прашања на граѓаните(како што е проектот на Владата на РМ за субвенционирани станбени кредити) што ќе се одрази врз цената на становите и продажбата, сепак одлучувачки се пазарните законитости. Доколку цената по метар квадратен падне под цената на изградбата на станбен простор, и доколку нема побарувачка, ќе се намали изградбата на станови, a капиталот ќе се пресели во некој друг подоходовен сектор. Но, и во поново време продолжува трендот на изградба на големи луксузни станови, наспроти побарувачката на помали станови кои би можеле да ги купуваат младите луѓе. Станбената политика во државата е во насока на заштита на животниот стандард на граѓаните со преземање мерки, програми и проекти со кои го олеснува решавањето на најчувствителното животно прашање живе­алиштето. ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 189