Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

помош, лица погодени од елементарни природни непогоди без раз­лика на правниот статус на нивните постојани(примарни) живеалишта, инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, лица припадници на ром­ската заедница кои се социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош. Во РСМ се дефинираат политики, се носат стратегии, програми, пла­нови за да се намалат проблемите во домувањето и во станбената поли­тика. Од нивната успешна операционализација во практиката се условени резултатите во другите сегменти од општественото живеење: социјални­от, економскиот, социолошкиот, здравствениот, психичкиот, политичкиот, правниот, итн. 4. Неформална економија 4.1. Поим за неформалната економија МОТ неформалниот сектор го дефинира како:Низа на економски еди­ници во урбаните подрачја кои, главно, се во сопственост или се управу­вани од поединци, најчесто сами или неколку вработени, врз основа на продолжување, како дополнување на неплатен семеен работник и или нередовно(повремено) вработен. Вообичаено, овие единици работат како мало стопанство, со ниско ниво на организација и со мала или никак­ва поделба меѓу трудот и капиталот. Тие се застапени во производството и дистрибуцијата на производи и услуги, со главна цел да ја зголемат врабо­теноста и основните приходи на лицата кои работат во нив. Во дефинирањето на економските сектори, истражувачите се задржу­ваат на следните концепти: а) официјална економија(легална и пријавена); б) неформална економија(легална, но непријавена) која го вклучува до­машното производство и домашната работна сила, неплатената волонтер­ска работа, дел од активностите на самовработените и малите бизниси; в) нелегална(црна) економија(нелегална и непријавена) која ги вклучува не­легалните активности или бесправното производство на стока, како и еко­номските активности што се извршуваат од страна на нелегални субјекти; г) непријавена(сива) економија(легална, но непријавена или нецелосно пријавена), има кога не се пријавени или не се пријавени сите активности на бизнисите што работат легално, не се пријавува во целост приходот и персоналот, се затајуваат даноците и не се плаќаат социјалните и здрав­ствените придонеси. 192 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)