Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Поимите: неформален сектор, сива економија, диво вработување, работа на црно, на нашите простори започна да се употребува во седум­десеттите години од минатиот век, кога започна сè повеќе да се изразува проблемот со невработеноста и продолжи со брзо темпо на нагорна ли­нија. Во прилог на ова одеше натамошното усложнување на проблемот со невработеноста и непостоењето ниту на стратегија, ниту на програма на национално ниво за решавање или ублажување на сивата економија. Работата во нелегалните сектори или забранетата дејност, всушност, е работа која работникот ја врши за работодавач без законска основа, не­пријавен, без да му се плати соодветна плата, додатоци од плата и придоне­си за здравствено и пензиско и инвалидско осигурување. Работодавачите кај кои работат работниците на црно, користат неправична и незаконска предност, ја стимулираат сивата економија, ја поткопуваат конкурентно­ста на фирмите и поединците, што сето заедно го спречува напредувањето на економијата. Работата на црно создава нелојална конкуренција, му на­штетува на бизнисот и на совесните работодавачи кои се грижат за своите вработени. Како последица од неа не се полнат здравствените, пензиските и социјалните фондови, на штета на граѓаните на Република Македонија. Земјите од Централна и Источна Европа се одликуваат со некои спец­ифичности во однос на работата на црно. Во Словенија, и покрај нискиот процент на невработеност, донесен е Закон за работа на црно во кој се предвидени ригорозни мерки за работодавачите кои нема да го почиту­ваат законот; Во Грција и Италија овој проблем се решава со големо ин­спекциско ангажирање; Албанија, со помош на МОТ, воведуваше начини за спречување на работата на црно, посебно во градежништвото и чевлар­ската индустрија, каде дозволата за работа, односно увозот на кожа преку царинската декларација, работодавачите ги обврзуваше и да ги вработат и пријават потребните работници; Хрватска, Бугарија и Словачка се соочу­ваат со истите проблеми како и Македонија. 4.2. Неформалниот сектор во РСМ Карактеристично за период на транзицијата во РМ е дека е преполо­вен бројот на вкупно вработените во стопанството. Така, во 1990 год. во стопанството имало 470.000 вработени, а за само една декада, тој во 2000 год. изнесувал нешто над 220.000 вработени. Во оваа година, во Република Македонија, 23,1% од населението нема доволно пари да купи храна, а 38,4% не може да купи облека и обувки, или 61,5% од вкупното население ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 193