Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

работа, од опасности по здравјето и животот на работниците заради недо­волната грижа на работодавачите за создавање безбедни и здрави услови за работа; на работниците им се скратува правото на пензија бидејќи не им се плаќаат придонесите и немаат работен стаж. 4.3. Иницијативи на синдикатите за елиминирање на работата во неформалниот сектор Заради сложеноста на проблемот и негативното влијание врз еко­номските движења, положбата на вработените во неформалниот сектор и нивната незаштитеност, синдикатите бараа: да се донесе национална програма за вработување; работниците кои работат на црно да засно­ваат работен однос согласно законските прописи, да се утврди и регу­лира правото на плата и надоместоци од плата и пензиско и инвалидско осигурување; нивното дотогашно работење да им се признае како ра­ботен стаж и да им се уплатат ретроактивно придонесите и даноците по дополнителна договорна стапка; да се создаваат можности за самовра­ботување и поголеми олеснителни околности за плаќање на придоне­сите и даноците; да се засили инспекциската контрола во сите сегменти, а особено во оние каде е најизразена сивата економија; да се унапреди законската регулатива која ќе го олесни вработувањето на сезонските работници; вработените во неформалниот сектор да се организираат во синдикат. Синдикатот на работниците од трговијата на Македонија во својот ангажман во транзицискиот период континуирано се посветува­ше на проблемот со сивата економија која најмногу ги погоди трговските претпријатија, особено трговијата на мало. Нелегалната, или сивата еко­номија, во 1992 год. кулминираше, масовно се ширеше и ја уништуваше трговијата, а со тоа негативно влијаеше врз материјално-социјалната по­ложба на вработените во оваа дејност. Причини за појавата и омасовувањето на сивата економија се бројни­те проблеми со кои се соочуваше оваа стопанска гранка: со распаѓање­то на СФР Југославија, блокадите, разорното дејство на инфлацијата, се стесни и пазарот, се намали стоковната размена со странство и понуда­та од домашните производители; со приватизацијата на општествениот капитал, речиси се удвои бројот на приватните претпријатија и се фор­мирани над 30.000 приватни претпријатија и дуќани; голем број на тр­говски претпријатија работеа со негативни резултати, па стечајот и лик­видацијата беа единственото решение, а работниците или примаа ниски и нередовни плати, или се испраќаа на принуден одмор, или останаа без работа; намалена е куповната моќ на населението; намален е прометот ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 195