Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Според анализите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), учеството на сивата економија е 25% во вкупната економија во РМ, а според Сојузот на стопански комори оваа бројка е околу 30%. По­датоците од Светска банка покажуваат дека во РМ 55,5% од фирмите се борат против нерегистрирани субјекти, што е најголем процент во реги­онот. Сивата економија е најзастапена во: транспортот, градежништвото, туризмот, угостителството, услужните дејности и земјоделството. Владата на РМ најави дека ќе се направат проверки и анализи за оваа појава и дека борбата на инспекциските служби со сивата економија треба да е перма­нентна. 5. Идеја и концепт за пристојна работа МОТ во 1999 год., ја промовираше идејата за пристојна работа која се заснова врз фактот дека работата е извор на: лично достоинство, семејна сигурност, демократија и општ економски раст во заедницата. Повод за тоа беа показателите за економско-социјалната положба на работниците во светот: сè поголемиот замав на сиромаштијата;родовиот јаз жените претежно работат во неформалната економија, не се социјално заштитени, помалку се платени од мажите; од вкупно невработените во светот, ско­ро 50% се млади; миграцијата на работниците е во голем подем и тоа од регионите во развој; глобалниот економски развој сè помалку нуди нови работни места. Од сите компетентни субјекти во државите-членки на МОТ побара да бидат единствени и одговорно да го поддржуваат спроведу­вањето во практиката на заложбите на МОТ за пристојна работа со носење програми за пристојна работа на национално ниво. Меѓународната конференција на трудот во 2002 год. усвои Резолуција за пристојна и неформална економија во која повикува на потребата од соочување со недостатоците во однос на пристојната работа во неформал­ната економија во 4 клучни области: вработување, права, социјална зашти­та и застапување. Во 2008 год. МОТ усвои Декларација за социјална правда за праведна глобализација која беше надополнување на оваа Резолуција и предвидуваше дека 4. области на пристојна работа сенеразделни, меѓу­себно поврзани и заемно се поддржуваат. На Светскиот самит на Обединетите нации во 2005 год., од страна на 150 светски лидери на земји-членки на ОН, беше прифатено концептот на пристојна работа да биде основна цел на националните политики. Еко­номско-социјалниот совет на Обединетите нации(ECOSOC), во 2006 год. побара од телата на ОН и ги повика сите финансиски институции да ги поддржат напорите за остварување на целите за целосна и продуктивна вработеност и пристојна работа во сите нивни политики, програми и ак­тивности. Исто така, ги поттикна релевантните агенции да земат активно учество во развитокот на алатките за промоција на пристојна работа. ПОЛИТИКИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ VI: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА РАБОТНИЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИ 199