1. Усогласување на законодавството на РСМ со универзалните правни документи 1.1. Правото на Европската Унија Напоредно со приспособување на правниот систем согласно новите категории на Уставот од 1991 год., започна да се реализира и процесот на усогласување на законодавството на РМ со законодавството на ЕУ(acquis communautaire) 198 . Ова е обврска и од членот 68 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација 199 , во која е утврдено дека треба да се почитуваат демократските принципи и човекови права утврдени во Универзалната декларација за човекови права, да се чува меѓународниот и регионалниот мир и стабилност, да се развиваат добрососедските односи. Во 2000 година Собранието на РМ усвои Методологија и структура за усогласувањето на националното законодавство со ЕУ, според која, согласно принципите на ЕУ, усогласувањето треба да се одвива во четири фази: подготвителна, аналитичка, транспонирање, имплементација. Процесот на усогласување се однесува на целото acquis communitaire, со повеќе поглавја, меѓу кои: слободно движење на стоките; слободно движење на работниците; слободно движење на капитал; социјална политика и вработување; правосудство и фундаментални права; правда, слобода и безбедност; образование и култура; животна средина, итн. Во Деловникот на Собранието на РСМ е предвидено дека секој предлог-закон со кој се врши усогласување, во моментот кога ќе влезе во собраниска процедура се означува со знамето на Европската Унија. Усогласувањето на македонското со законодавство на ЕУ е битна претпоставка во пристапувањето на РСМ кон Европската Унијата, оттука извори на правото во РСМ се: директивите, регулативите, одлуките и препораките и мислењата на ЕУ. Во 2008 и 2009 год. во Република Македонија се реализираше Twinning проектот:„Преглед на националното трудово законодавство“, финансиран од ЕУ. Целта на Проектот беше поддршка на усогласувањето на националното трудово законодавство со европското, како дел од подготовките на земјата за пристапување во ЕУ. Синдикатите беа вклучени во овој проект за прашања од областа на трудот и беа прифатени нивните предлози во програмата за постепено усогласување на законите да имаат приоритет измените и дополнувањата на Законот за работните односи. 198 Acquis communautaire – Правно наследство на ЕУ, или правата и обврските кои ги делат сите членки на ЕУ. Земјите кандидати, пред да ѝ пристапат на ЕУ, треба да го прифатат„Acquis communautaire“ и да ги вметнат во сопствениот национален правен систем. 199 Спогодба за стабилизација и асоцијација:„Службен весник на РМ“, бр. 28/01 204 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten