1.2. Универзалната декларација за човекови права Усвоена од Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации(ООН), на 10 декември 1948 год. во Париз. 200 Нејзините цели се: одржување на меѓународниот мир и безбедност; развивање на пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите; меѓународна соработка за решавање на меѓународни проблеми од: економски, општествен, културен или хуманитарен карактер; промовирање и охрабрување за почитувањето на човековите права и основните слободи за сите, без оглед на: расата, полот, јазикот или религијата; да биде центар за усогласување на националните постапки за постигнување на заедничките цели. Република Македонија е примена за членка на Организацијата на обединетите нации на 8 април 1993 год. Врз начелата на Универзалната декларација за човековите права на ООН се темелат и практикуваат сите правни прописи во Република Македонија. Универзалната декларација за човекови права на ООН претставува основен документ и дел од меѓународното обичајно право. Правата утврдени во Декларацијата се заеднички стандарди што треба да се постигнат и да се почитуваат за сите луѓе и сите нации, и се однесуваат на: правото на живот и забрана на ропство; правата на поединецот во граѓанското и политичкото општество; духовните, јавните и политичките слободи(слободата на вероисповед и слободата на здружување); социјалните, економските и културните права. За синдикатите од особено значење е Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права(ICESCR) од 1966 год.(обврзувачки пакт на Обединетите нации чија основа е Универзалната декларација за човековите права). Пактот претставува документ со кој се утврдува: правото на работа, условите за работа, слободата на здружување и правото на штрајк. Во 2016 год. е одбележана 50-годишнината од неговото усвојување. По тој повод генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикатите истакна дека Пактот претставува пресвртница во правата на работниците ширум светот,„но, сепак, 50 години подоцна, тој сè уште не е соодветно спроведен дури ни во ЕУ. Тој треба да биде задолжително четиво за судиите во Европскиот суд за правда и креаторите на политики насекаде и, воедно, треба да постои соодветно воспоставен систем за жалби во ЕУ доколку овој Пакт не се почитува“. 200 Организацијата на обединетите нации(Universal Declaration of Human Rights – UDHR) е формирана со Повелба во Сан Франциско, САД(на 24.6.1945 год.), во неа членуваат 192 земји. ДЕЛ V: МАКЕДОНСКОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО И РАБОТНОПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА РАБОТНИЦИТЕ 205
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten