1.3. Глобален договор на ООН Претставува најголема светска иницијатива за општествена одговорност на претпријатијата, предложен на Светскиот економски форум одржан на 31.1.1999 год. Глобалниот договор ги содржи 10-те универзални принципи во областа на: човековите права; животната средина; борбата против корупцијата; работните стандарди. Според овој документ, бизнисите треба: да ја поддржуваат слободата на здружување и колективно преговарање; да ги елиминираат сите форми на принудна или задолжителна работна сила; да се залагаат за ефективно укинување на детската работна сила; да ја искоренуваат дискриминацијата врз основа на вработување и професија. „Да ја одбраните моќта на пазарите преку универзалните идеали. Да ги помириме креативните сили на приватното претприемништво со потребите на сиромашните и барањата на идните генерации“ – Кофи Анан, генерален секретар на ООН. Основата на Глобалниот договор е: Универзалната декларација за човековите права; Декларацијата на МОТ за основните принципи и права на работното место; Декларацијата од Рио за животна средина и развој; Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата. Иницијативата – Глобален договор, во Република Македонија е презентирана во 2004 год. од Програмата за развој на Обединетите нации и е воспоставена мрежа на домашните компании кои пристапија кон Иницијативата. Приоритетите на мрежата се: интензивирање на развојот на општествената одговорност во сите сегменти на живеење, со почитување на принципите на Глобалниот договор. Со активно вклучување во поставувањето на целите и насоките на развојните политики, бизнис секторот станува дел од решението за предизвиците на глобализацијата. Преку проектот Global Compact на ОН, македонските компании се обврзаа на јавна одговорност и транспарентност во поддршката на десетте принципи на Глобалниот договор на ОН. Вклучувајќи се во меѓународното бизнис-семејство, повеќе компании од РМ презедоа корпоративна општествена одговорност: за остварување на долгорочен одржлив напредок и развој во општеството, за унапредување и подобрување на целокупниот квалитет на животот преку поддршка на проекти од хуманитарен карактер и од областа на: културата, спортот, науката, образованието и заштитата на човековата околина, децата и младите. Синдикатите го поддржаа формирањето на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата во 2007 206 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten