год. и Национална програма за ООП за Република Македонија донесена од Владата на РМ во 2008 год. Националното координативно тело за ООП и Министерството за економија секоја година доделуваат национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата кои инвестираат во заедничко добро. 1.4. Европска социјална повелба(ревидирана) Земјите-членки на Советот на Европа во 1961 год. потпишале Европска социјална повелба, со која се согласиле да ги обезбедат соц ијалните права на своите граѓани, со цел за подобрување на нивниот животен стандард и нивната социјална добросостојба. Преку министерските конференции за човековите права, таа е постојано надградувана со нови права. Во 1996 год. е донесена Европската социјална повелба(ревидирана). Република Македонија, Европската социјална повелба од 1961 год. ја ратификуваше во 2005 год., а Европската социјална повелб а од 1996 год.(ревидирана) ја ратификуваше во 2012 год. Правата и принципите од Европската социјална повелба(ревидирана) се имплементирани во македонското законодавство, а се однесуваат на: подобрување на правото на сите работници на правична заработувачка која обезбедува пристоен животен стандард; се прошируваат правата на секое лице со посебни потреби во поглед на независноста, социјалната интеграција и учество во општествениот живот; се прошируваат правата на децата и младите кои, покрај правото на соодветна социјална и економска заштита, имаат и правна заштита, како и право на бесплатно основно и средно образование. Покрај овие права, се воведени уште 11 нови права, кои се од особена важност за економско-социјалната положба на работниците, како што се правото на: еднакви можности и еднаков третман на сите работници за прашања поврзани со вработувањето и професијата, без било каква полова дискриминација; информирање и консултирање на работниц ите во рамките на претпријатието; учество на работниците во утврдувањето и подобрувањето на условите за работа и работната средина во рамки на претпријатието; социјална заштита на секое постаро лице; заштита на секој работник во случај на престанување на работниот однос; заштита на побарувањата на сите работници во случај на несолвентност на нивниот работодавач; достоинство при работа; вработување на сите лица со семејни обв рски и кои се вработени или сакаат да се вработат, без да бидат предмет на дискриминација и колку е можно повеќе, без судир меѓу нивните работни и семејни обврски; заштита на претставниците на вработените во претпријатијата од дејства штетни за нив и на истите треба да им се обезбедат соодветни средства за извршување на нивните функции; информирање и консултирање на работниците во постапките за колективен технолошки вишок; заштита од сиромаштија и социјална исклученост за секого; домување за секого. ДЕЛ V: МАКЕДОНСКОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО И РАБОТНОПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА РАБОТНИЦИТЕ 207
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten