Синдикатите учествуваа во процесот на ратификација на Европската социјална повелба(ревидирана) 1996 год., заради нејзината значајност за почитувањето на социјалните и други права на работниците и обезбедување економски и општествен развој во државата. 1.5. Европската Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи Усвоена од Советот на Европа во 1950 год. Заедно со придружните протоколи, оваа Конвенција претставува европски устав на полето на човековите права. Таа е правен инструмент со посебен надзорен орган воспоставен преку основање на Европскиот суд за човекови права со цел да се обезбеди почитување на обврските од Конвенцијата и нејзините протоколи преземени од државите – потписнички на Конвенцијата. Европската Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи го содржи правото на слободно организирање и здружување, како и правото на основање синдикати и нивно здружување. Остварувањето на овие права може да биде ограничено само со законски мерки кои во едно демократско општество се неопходни за: националната безбедност; јавната безбедност; заштитата на редот и спречувањето на злосторствата; заштита на здравјето, и др. Република Македонија ја ратификуваше Европската Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи на 17.4.1997 год. Таа претставува извор на македонскиот правен систем, во кој се гарантирани правата и слободите на граѓаните. 2. Правниот систем за работните односи во Република Северна Македонија Со започнувањето на процесот на осамостојување и градење на независна држава, Република Македонија започна со сопствено општествено-економско уредување и правен систем ослободен од идеологијата на дотогашниот самоуправен социјализам. Во Република Македонија се донесоа многу закони и измени и дополнувања на закони кои влијаеја врз работно-правната положба на работниците. За синдикатите беше јасна потребата за реформирање на работното законодавство согласно новите услови на пазарното стопанисување, 208 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten