Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

пошироките социјални политики и од обврските за нејзино хармонизирање со европското законодавство, но не беа прифатливи и побудуваа жестоки реакции тенденциите за намалување или губење на стекнатите работнички права. Спротивно, унапредувањето на работното и социјалното законодав­ство е едно од најважните механизми со кои една модерна држава треба да ги унапреди и да ги воспостави принципите и правата на работа, кои се темелат врз: конвенциите, препораките и директивите на ЕУ и на МОТ. 2.1. Устав на Република Северна Македонија 201 Усвоен е на 17 ноември 1991 год. и во него државата е дефинирана како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава во која е уре­дено дека: се воспоставува и гради владеењето на правото како темелен систем на власта; се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност; се обезбедува социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот. За основните слободи и права на човекот и граѓанинот, во Уставот на РСМ е утврдено дека: секој има право на работа, слободен избор на вра­ботување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Уставот гарантира дека секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на со­одветна заработувачка, како и право на платен одмор. Овие права на врабо­тените се неотуѓиви и од нив вработените не можат да се откажат. Согласно Уставот на РСМ правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори. Во фазата на донесувањето на Уставот на РМ во 1991 год., синдикатите отворија широка расправа во своите организации и органи и утврдија мис­лења и предлози по Нацрт-уставот на РМ. Основните заложби на синдикати­те беа: да бидат утврдени економските и социјалните права на трудот кои не смеат да бидат помали од меѓународните стандарди; правото на синдикал­но организирање и позицијата на синдикатот треба повеќе да се зацврсти; економската демократија, односно правото на управувањето и учеството во одлучувањето врз основа на трудот да добие посебно место во Уставот на РМ; да се зацврсти правото на колективното договарање меѓу социјалните партнери и меѓусебното разрешување на споровите; во Собранието на РМ да се демократизира одлучувањето и тоа да не биде само резултат на волја­та на политичките партии, туку да учествуваат и пошироките општествени, социјални и професионални групации; во праксата позицијата на трудот не треба да зависи само од пазарот на трудот, државата треба да учествува во обезбедувањето на социјалната сигурност на секој човек и работник. 201 Устав на Република Македонија:Службен весник на РМ, бр. 52/92 ДЕЛ V: МАКЕДОНСКОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО И РАБОТНО­ПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА РАБОТНИЦИТЕ 209