Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Во периодот на носењето на Уставот на РМ се одржуваа протести пред Собранието на РМ, а на 14 ноември 1991 година, група протестан­ти одржаа средба со директорот на Македонската Радио Телевизија. На средбата протестантите, меѓу другото, побараа распоредување на други соодветни работни места на: уредници, директори, заменици-директори, итн. Независниот синдикат на новинарите на Македонија реагираше и ги осуди притисоците кои се правеа врз новинарската професија и во знак на протест, на 16 ноември сите радио и телевизиски програми организи­раа молк во периодот од 19.30 до19.40 часот, а весниците објавија по една бела страница. 202 2.2. Закон за работните односи 203 Законот за работните односи е основен закон од трудовата сфера,ра­ботнички устав(lex fundamentalis), во кој е втемелен работно-правниот поредок во РСМ и се уредуваат работните односи меѓу работниците и ра­ботодавачите. ЗРО се однесува на сите работници, без оглед на тоа каде работат и со кој работодавач имаат склучено договор за работа. ЗРО го ре­гулира: склучувањето и откажувањето на договорот за вработување меѓу работникот и работодавачот; приправничката, волонтерската и пробната работа; плаќањето на работата; работното време; заштитата при работа; работата на Економско-социјалниот совет; инспекцискиот надзор во об­ласта на работните односи; правото на: колективно договарање; штрајк; организирање на работниците во синдикати и на работодавачите во здру­женија; мирно решавање на работните спорови; остварување и заштита на правата; посебна заштита на: жените, односно мајчинството, работниците кои не наполниле 18 години, инвалиди, повозрасни работници; заштита од дискриминација и вознемирување; психички притисок на работа, и др. Од започнувањето на транзицијата, до денес, се донесени три закони за работните односи: Закон за работните односи на СРМ од 1990 год.; За­кон за работните односи на РМ од 1993 год.; Закон за работните односи на РМ од 2005 год. 202 Повеќе во:Сами на своето: кратка историја на македонската независност(1990-1993), проф. д-р Мишо Докмановиќ, Правен факултетЈустинијан Први, УниверзитетСв. Кирил и Методиј, ФЕС, Скопје, 2021 203 Закон за работните односи:Службен весник на РМ, бр. 62/05; Закон за изменување и дополну­вање на ЗРО:Службен весник на РМ, бр.: 106/08; 161/08; 114/09; 130/09; исправка: 149/09; 50/10; 52/10; 124/10; 47/11; 11/12; 39/12; 13/13; 25/13; 170/13; 187/13; 113/14; 20/15; 33/15; 72/15; 129/15; 27/16; 120/18 иСлужбен весник на РСМ бр. 110/19; 267/20. Одлуки на Уставниот суд на РМ:Служ­бен весник на РМ, бр.: 3/06(У.бр.161/05 и У.бр.139/05); 44/06(У.бр.134/05); 66/06(У.бр.187/05); 16/07 (У.бр.111/2006); 57/07(У.бр.188/06); 77/07(У.бр.170/06); 63/09(У.бр.200/08); 10/10(У.бр.20/09); 58/10 (У.бр.176/09); 132/10(У.бр.263/09); 106/14(У.бр.62/13); 134/16(У.бр. 114/201) 210 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)