2.3. Посебни општи прописи во сферата на работните односи Закон за евиденции од областа на трудот. 210 Законот е донесен во 2004 год. и со него се уредува воспоставувањето на евиденциите во областа на трудот и начинот на нивното водење. Работодавачите ја водат евиденцијата за: вработените, потребите од работници, платите, повредите при работа; корисниците на права од инвалидското осигурување. Агенцијатa за вработување на РМ ја води евиденцијата за: работодавачите; корисниците на јавни средства од Агенцијата за вработување, за невработените лица и други лица кои бараат работа; потребите од работници; државјаните на РМ на работа во странство; понудите на странски работодавачи за врабoтување на државјани од РМ во странство; странски државјани и лица без државјанство вработени во РМ. Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја води евиденцијата за: осигурениците и за осигурените лица од здравствено осигурување. Работодавачот и асоцијацијата на мнозинскиот синдикат ја водат евиденцијата за штрајковите на работниците. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ја води евиденцијата за осигурениците и корисниците на права од пензиското и инвалидското осигурување, на начин утврден со закон. Закон за празниците на Република Македонија. 211 Овој Закон ги утврдува државните празници и празници поврзани со убедувањата на верниците од различна верска припадност. Празниците утврдени во Законот за празници се неработни денови, а доколку празниците паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен. Работниците кои отсуствуваат од работа во денови на празниците на Република Македонија, имаат право на надоместок на плата. Работниците кои работат во празниците определени со закон, имаат право на додатоци на плата. Закон за волонтерство од 2007 год. 212 „Волонтерството претставува активност од интерес за РМ која придонесува за подобрување на квалитетот на живот со активно вклучување на луѓето во општествениот живот, како и за развој на хумано и рамноправно демократско општество“(член 2 од Законот за волонтерство). Волонтерските работи се вршат доброволно, без надоместок. Волонтерот ги користи своите знаења и вештини во давањето лични услуги или 210 Закон за евиденциите од областа на трудот:„Службен весник на РМ“, бр.: 16/04; 102/08; 31/13 211 Закон за празниците на Република Македонија:„Службен весник на РМ“, бр. 21/98; Закон за изменување на Законот за празниците на Република Македонија:„Службен весник на РМ“, бр. 18/07 212 Закон за волонтерство:„Службен весник на РМ“, бр. 85/07; Закон за измени и дополнувања на Законот за волонтерство:„Службен весник на РМ“, бр. 161/08; 147/15 ДЕЛ V: МАКЕДОНСКОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО И РАБОТНОПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА РАБОТНИЦИТЕ 221
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten