При подготовката на Законот за европски работнички совет, беа прифатени предлозите на синдикатите за прецизирање на законските одредби кои се однесуваат за подобрување на позицијата на работниците и синдикатите, како застапници на нивните права и интереси, во смисла на почитување на социјалниот дијалог и навременото и целосно информирање и консултирање за сите економско-социјални прашања на работниците кои работат во транснационални компании. 3. Заштита на работните права на синдикалното членство Остварувањето на заштитната функција на синдикатите се реализира преку барањата и аргументираните правни мислења упатени до социјалните партнери при донесувањето на нови законски прописи од работно-правната област или измена и дополнување на постојните, како и со учеството во расправата во владините и собраниските работни групи и комисии. До Економско-социјалниот совет, синдикатите доставуваат писмени мислења и предлози уште во фаза на подготвување на одделни предлог-закони од работно-правната област. Заштитата на правата и интересите на членството од работно-правната и социјално-економската област е една од основните задачи и функции на синдикатите. Членовите на синдикатите имаат право на бесплатна правна помош и заштита заради остварување на нивните права од работен однос согласно законите од трудовата сфера. Работно-правната положба на работниците во РСМ е уредена со Законот за работните односи и со колективните договори. Во практиката вака утврдените права од работен однос многу често не се почитуваат и се кршат од страна на работодавачите. 3.1. Работните спорови и нивното решавање Според ЗРО, можат да настанат индивидуални и колективни работни спорови. Индивидуалните спорови можат да бидат поведени по иницијатива на работникот или на работодавачот, а колективните спорови настануваат меѓу потписниците на колективниот договор. Работникот поведува индивидуален работен спор кога: работодавачот не одговорил позитивно на одредено барање на работникот за остварување право од работниот однос; кога работодавачот со свој акт крши одредени права од работниот однос. По исцрпување на правната заштита кај работодавачот, работникот бара заштита пред надлежниот орган. Може да ДЕЛ V: МАКЕДОНСКОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО И РАБОТНОПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА РАБОТНИЦИТЕ 223
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten