Инспекциски надзор над примената на прописите од трудот. Во остварувањето на заштитата на работничките права значајна е соработката на синдикатите со Државниот инспекторат за труд. Оваа институција е самостојна во вршењето на инспекцискиот надзор над примената на прописите со кои се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавачите во врска со работните односи(законите од сферата на трудот, колективните договори и договорите за вработување), како и во преземањето на управни и други мерки утврдени со Закон. Организацијата на работата на ДИТ, неговите надлежности, постапката и динамиката на спроведување на инспекциските надзори се утврдени со Законот за инспекцијата на трудот. 221 Со измените на овој Закон(кои стапија на сила во мај 2014 год.) во член 3, нов став 2, стои:„Инспекторатот има својство на правно лице, со сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапка за вработување согласно со закон и одлучува за правата и обврските од работен однос.“ Со Инспекторатот раководи директор кој подготвува предлог на годишна програма за работа на Инспекторатот која ја доставува до Инспекцискиот совет. Соработката на синдикатите со Инспекторатот со ингеренции во сферата на трудот се одвива во интерес на заштитата на правата на работниците, како и заштитата на здравјето и безбедноста при работа на работниците. Заедничкото организирање и спроведување на активности за остварување на работничките права преку инспекциски надзор за пријавени нарушени работнички права е востановена практика која двете страни ја негуваат со децении. На овој начин синдикатите даваат свој придонес во имплементацијата на Законот за трудовата инспекција, како дел од македонското трудово правно законодавство, кој се темели врз: Конвенцијата за трудова инспекција(1947) и Конвенцијата за трудова инспекција(земјоделство, 1969), како и повеќе други конвенции поврзани со улогата на Инспекцијата на трудот во заштитата на правата на работниците и заштитата на здравјето и безбедноста при работа. 3.2. Синдикатите и правната заштитна функција Во случај на прекршување на правата од работниот однос уредени со закон и колективен договор, покрај тоа што работниците можат да се обратат до: работодавачот, надлежниот суд, Државниот инспекторат за труд, Народниот правобранител, тие можат да се обратат и до синдикатот во кој членуваат. 221 Закон за инспекцијата на трудот:„Службен весник на РМ“, бр. 35/97(основен текст); бр. 29/02 (пречистен текст); Закон за изменување и дополнување на Законот за инспекција на трудот:„Службен весник на РМ“, бр. 36/11; 164/13(со примена од 1.5.2014). ДЕЛ V: МАКЕДОНСКОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО И РАБОТНОПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА РАБОТНИЦИТЕ 231
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten