Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

протоколи), Повелбата за основните права на ЕУ(директивите: 2000/43/EC, 2000/78/EC, 2004/113/EC, како и Стратегијата за модернизација на социјал­ната заштита). 1.1. Концепт на социјална држава Современо општество и општествен прогрес може да се остварува само во социјална држава, во која има социјална правда: се гарантираат основните социјални права на граѓаните; се обезбедува социјална хармо­нија; се спречува социјалното пропаѓање. Држава во која се води социјална политика преку мерки и проекти за подобрување на животните и работ­ните услови на човекот(политика на: вработување; плати; образование; социјално осигурување); држава во која е уредена социјалната зашти­та преку законска рамка, или социјално законодавство за спречување и превенција на ризиците на живеењето(заштита на семејството; заштита на старите преку пензискиот систем; здравствена заштита; заштита во случај на невработеност); држава во која социјалната помош претставува меха­низам за помош на социјално загрозените лица, семејства или заедници. Општ општествен прогрес во една држава може да се обезбеди доколку не се преферираат само економските, туку и социјалните проекти, со ед­накво значење и еднаков третман. Доколку не се задоволени овие услови, односно не постои елементарно чувство за социјалната димензија на др­жавата, неминовна е социјална експлозија. Со стапување на сцена на новиот светски феномен наречен глобализа­ција(економска и финансиска), се јави и заканата за разорување и криза на концептот на социјална држава, кон која претендираа скоро сите земји од регионот кои имаа пониски економски основи. Во потрага по поголем профит, капиталот цели кон намалени економско-социјални права на работниците без да ги консултира механизмите на социјалниот дијалог, воспоставени различно во секоја земја. Воедно, ова силно се одрази на воспоставената социјална рамнотежа меѓу трудот и капиталот, односно на штета на трудот, што претставуваше потенцијална причина за социјални и општествени конфликти. 1.2. Социјална сигурност за сите Стратегија на Меѓународната организација на трудот Утврдувањето на минимум социјална заштита и изградба на сеопфатни системи за социјална сигурност е суштината на Стратегијата на МОТ која, по децениско истражување, за првпат ја објави во 2012, во форма на: Пре­порака за минимум социјална заштита, 2012(бр. 202). 223 223 Стратегијата на МОТ:Социјална сигурност за сите Утврдување на минимум социјална заштита и изградба на сеопфатни системи за социјална сигурност, е објавена на македонски јазик од МОТ канцеларијата во Македонија. ДЕЛ VI: РЕФОРМИ ВОЈАВНИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 237