Препораката претставува меѓународен стандард на трудот која е донесена врз основа на договорот што е постигнат со консензус на: владите, организациите на работниците и работодавачите од 185 земји-членки на МОТ, по долги: истражувања, анализи, консултации и соработка со релевантните субјекти и организации во системот на Обединетите нации, меѓународни финансиски институции, како и интензивни разговори што се водеа на трите сесии на Конференцијата на МОТ во: 2001, 2011 и 2012 год. Препораката на МОТ за минимум социјална заштита доби на значење особено заради светската финансиска и должничка криза која неповолно се одрази врз повеќе сегменти од општествено-економското живеење во земјите од регионот. Овој документ испраќа силни пораки за оние кои носат одлуки и креаторите на политики дека социјалната сигурност е човеково право и треба да гарантира, барем, минимум социјална заштита, што е и неопходност во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост. Тоа подразбира градење сеопфатни системи за социјална сигурност во согласност со националните приоритети, ресурси и околности. Минимумот социјалната заштита подразбира основна здравствена заштита и основна сигурност на приходите за време на: детството, работно активното доба и староста за целото население и за сите деца. Секое општество треба да развие стратегии за изградба на национална минимум социјална заштита и, постепено, сеопфатни системи за социјална сигурност. „Сепак, колку што е важна самата Стратегија, толку е важна и нејзината реализација, а успешната примена ќе зависи од посветеноста и активностите на многумина – во национални рамки и надвор од нив. Доколку по една деценија од сега ќе можеме да кажеме дека Стратегијата на МОТ е прифатена и се користи за да помогне да се направи позитивна разлика во животот на луѓето, ќе можеме да кажеме дека била успешна“.(Предговор кон Стратегијата: Guy Ryder, Генерален директор на МОТ). 1.3. Законска рамка за социјална заштита и ставовите на синдикатите Развојот на социјалната заштита во Република Македонија од стекнувањето на независноста помина низ неколку фази. Согласно новиот Устав на РМ од 1991 год. беше воспоставена правната рамка на социјалната заштита. Законот за социјална заштита 224 беше усвоен во 1997 год. со кој беа 224 Закон за социјална заштита:„Службен весник на РМ“, бр. 50/1997; нов Закон за социјална заштита:„Службен весник на РМ“ од 24.6.2009; Измени и дополнувања на Законот за социјалната заштита:„Службен весник на РМ“, бр.: 36/11; 51/11; 166/12; 15/13; 79/13; Пречистен текст:„Службен весник на РМ’“, бр.: 148/13; 164/13; 187/13; 38/14; 44/14; 116/14; 180/14; 150/14; 192/15; Консолидиран текст, јануари 2015:„Службен весник на РМ“, бр.: 33/15; 72/15; 104/15; 173/15; 30/16; Консолидиран текст, септември 2015. 238 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten